среда, 15. јули 2020. Вести денес: 82
home Вести

Стоилковски: Зоран Заев мора да каже колку пати, каде и кога се видел со Миодраг Давидовиќ Дака?

Стоилковски: Зоран Заев мора да каже колку пати, каде и кога се видел со Миодраг Давидовиќ Дака?

Зоран Заев мора да каже колку пати, каде и кога се видел со Миодраг Давидовиќ Дака? Колку средби имал со Дака сам, а колку со Драги Рашковски. На која средба биле договорени 300.000 евра дадени за референдумот? Како завршиле тие пари? На истата ли средба барал 2.000 квадрати за бензинска пумпа во Тетово? Зоран Заев мора пред надлежните институции да даде одговор на овие прашања, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ова е парцелата во Тетово, Шик Јелак, за која Зоран Заев земал 300.000 евра за финансирање на референдумот, а барал и земал 2.000 квадрати за себе, за бензинска пумпа или што и да имал на ум, така вели Миодраг Давидовиќ Дака – контроверзниот бизнисмен во снимка објавена на социјалните мрежи.

Дака самиот кажува како со Заев го договарал да го добие просторот на Шумарско индустрискиот комбинат Јелак во Тетово. Спроведувач на зделката бил Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата! Целата парцела е голема неколку илјади метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на центарот на Тетово!

Дака е снимен кога е нервозен затоа што договореното со Заев уште не е завршено, па откако кажува дека дал 300.000 евра, вели – „И јас да дознам пред недела дена од Рашковски, дека сега треба да вршат процена на ШИК Јелак после три години. Ми ветивте за 7 дена ќе ми кажете колку чини остатокот од ШИК Јелак“, прашувајќи и констатирајќи дека му било ВЕТЕНО!

Бла бла муабети се оние правдања на Заев, фатен во криминал и корупција со странски бизнисмен за кого се вели дека има руски врски, џабе се оние зборови на Заев кога за себе зборува во трето лице дека бил чесен!

Еве ја чесноста, еве ги документите дека Заев преку Рашковски го спроведувал она за што земал пари од Дака.

Владата на СДСМ контролирана од Зоран Заев кој што зема пари за имотот на ШИК Јелак Тетово, на 115 седница, на 15 јануари 2019 година, разгледува информација за ШИК Јелак!

Како 120 точка била разгледувана информација за имотот од стечајната постапка од должникот ШИК Јелак АД Тетово, СО ПРЕДЛОГ-ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ, Владата контролирана од Зоран Заев ја усвоила информацијата и донесена е одлука за давање согласност со подавка.

Сега знаеме дека Владата донела одлука врз договореното со Дака, меѓу Зоран Заев и Дака, со присутво и на Драги Рашковски, за што Заев и Рашковски наплатиле 300.000 евра и договориле да земат 2.000 квадратни метри плац во центарот на Тетово!

Сите знаат дека чесното на Заев се вика криминал, корупција и понижување. бла бла муабети се кога Заев зборува за справување со криминал, корупција и владеење на правото. Вистината е кога Заев во стилот Ал Капоне трпа пари во Луј Витон куфери и не одговара за тоа, затоа што Јовески и Рускоска му се в скут за амнестирање на сите криминали што водат до него! И затоа нема предмет, Заев да не одговори на прашањата за средбите со Дака и парите земени од него.

Македонија веќе не може да издржи компромис со криминалот! СДСМ покажа дека единствено што можат повеќе е криминал, повеќе корупција и повеќе порази.

Да ставиме крај на виткањето на кичмата. Исправи се Македонијо, одбери обнова!