четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Стоилковски: Закони има, но Заев и Спасовски го штитат Харачина,  безбедноста мора да е императив

Стоилковски: Закони има, но Заев и Спасовски го штитат Харачина,  безбедноста мора да е императив

Македонија има закони, ама нема кој да ги спроведува. Криминалци дивеат заради селективното спроведување на законите според тоа кој и дали работи за СДСМ или не, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминалци, наместо да се во затвор, можат да дивеат и предизвикуваат тешки дела, да предизвикуваат општа опасност среде градски плоштад и да минат со 45 евра смешна казна. Најголемото прашање во моментов е кој штити Харачина, за така слободоумно да се однесува, а е човек со повеќе активни кривични пријави? На ова прашање нема да добиете одговор од Оливер Спасовски додека тој е на чело на полицијата, а судството е во пупката на Зоран Заев. Лик со ново Бентли, скап и моќен автомобил влета меѓу пешаци, среде новогодишни тезги, возеше меѓу украсите на Петре Шилегов од 200.000 евра, , предизвикувајќи општа опасност,тоа го снимал за социјалните медиуми, па власта го пронајде дури откако јавноста се побуни! И во немоќ за тоа напишале казна од 45 евра, која што ако веднаш ја плати ќе биде неполни 23 евра! Човек што има кривична за загрозување општа опасност, е повторувач на такво дело, му пишале казна за сообраќаен прекршок!  Вистината е дека Заев и Спасовски преку институциите и ЈО го штитат  Бурим Ајети викан Маслам или Харачина кој одработуваше за СДСМ за време на избори, за да сега дивее со автомобил низ центарот на Скопје. Заев и Спасовски го штитат затоа што одработува за СДСМ во Арачиново и дозволуваат негово дивеење и загрозување на животите на луѓето, вели Стоилковски.

Тој додава дека наместо кривична пријава за предизвикување на општа опасност, Бурим Ајети заштитен од Заев и Спасовски доби само парична казна од 45 евра.

-Ова отвора и прашање за Петре Шилегов. Дивеењето на Ајети откри и пропусти во безбедносниот систем; Во време пред Новогодишните и Божиќните празници кога во цел свет е зголемен ризикот од напади, а најризични локации се градските центри. А среде Скопје ни се случува влетување со автомобил во плоштад полн со луѓе. Заев и Спасовски, но и Шилегов да одговорат, каде била полицијата која во тој момент кога треба да има засилено присуство како во униформа така и во цивил на прометни места?! По ваков безбедносен пропуст најмалку што може е Оливер Спасовски е да си поднесе оставка. Ниту Скопје, ниту Македонија е безбедна се додека криминалците кои ги штитат Заев и Спасовски слободно дивеат по улиците. Македонија има закони и за вакви дивеења, па ги повикуваме Заев и Спасовски да ги ослободат институциите за да почнат да ги применуваат. Безбедноста на сите граѓани и владеењето на правото мора да е императив, дури и кога станува збор за одработувачите на Зоран Заев, вели Стоилковски.

Коронавирус