сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 9
home Вести

Стоилковски: Заева шета штикли платени колку мерцедесот, ама ти срамно е да протестираш што те краде владата на Заев!

Стоилковски: Заева шета штикли платени колку мерцедесот, ама ти срамно е да протестираш што те краде владата на Заев!

Владата преку контролираните медиуми те убедува дека срамота е да протестираш кога владата те краде со поскапи сметки! Срамота било да протестираш против Мафијата на Зоран. Треба да си ќутиш и да климаш со глава. Во оваа контролирана фаза на перење мозок преку платените медиуми ќе наметнуваат срам ако се буниш дека те крадат и лажат!
И тоа важи особено ако имаш! Треба само да молчиш и да им дадеш! Како така протестираат и тие што имаат, само “рајата” треба да протестира, а таа кога ќе види полиција, ќе се исплаши! Страшна им е логиката, стои во Фејсбук статусот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-А реалноста е дека ЗАЕВА ШЕТА ШТИКЛИ ПЛАТЕНИ КОЛКУ МЕРЦЕДЕСОТ; АМА ТИ СРАМНО Е ДА ПРОТЕСТИРАШ ШТО ТЕ КРАДЕ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ! Целта е да се наметне “срам” да протестираш и да се буниш што Мафијата те краде! И тоа го најави Зоран, дека на секој начин ќе спречи протести! А ЗОРАН Е СИН НА КРАДЕЦ НА СТРУЈА! ПА СЕГА ВИЕ МЕРЕТЕ ВРЕДНОСТИ, МОЛЧЕТЕ И ВРТЕТЕ ПОГЛЕД НА СТРАНА!, пишува Стоилковски.

Тој тврди дека на срамот најмногу се ловат оние кои што се срамат сега да протестираат што “Тоа на М” не само што не се продаде, туку и се докупија нови возила “На М” за 8 милиони евра среде колапс на системот! Се срамат, ќе си ќутат излажани и погазени.

-Бонус публика се оние што се радуваа дека струјата ќе поевтини, јер така им ветуваше Заев! Зад ветувањата стоеше владата. Истата која што сега КРАДЕ! Ех да беше обратно колку “социјални” стории ќе гледавме по гранап-медиумчињата. Ќе гледавме таблици со математики за поскапувањето, па на тоа има додатоци, па ДДВ; па дека зиме сметки се до 15.000 денари ако се грееш на струја, а тоа се речиси 5 месеци, па на тоа поскапувањето е страшен удар во криза и беспарица, па статистики колку се греат на струја, па дека гасификацијата остана лага… Ама тоа сега е “срамота”. Е токму тоа е срамота!
Токму тоа!
И затоа:
#МафијаИлиМакедонија, истакнува Стоилковски.

Коронавирус