среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Стоилковски: Заев со договорот освен бришење на името Македонија, го загрозува и националниот идентитет на Македонците

Стоилковски: Заев со договорот освен бришење на името Македонија, го загрозува и националниот идентитет на Македонците

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во негово учество во грчката национална телевизија накратко објаснува: Ние нема да ги ословуваме како Македонци ние ќе ги ословуваме како Славомакедоци.

Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, потсетувајќи на пишана изјава на алтернативниот грчки министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос кој вели дека во договорот не е споменат идентитет, ниту националност, туку само правната врска на граѓаните со државата.

– Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете го вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето, се вели во изјавата на Катругалос, цитира Стоилковски.

Вели дека Договорот за капитулација кој што го преговараше премиерот Зоран Заев не преставува никаква заштита за идентитетот. Според него, уште една лага е дека се штити идентитетот на македонскиот народ.

-Погледнавме две изјави. Првата е на грчкиот премиер Алексис Ципрас каде кажува дека Грција нема да не признае како македонци, и втората е на Јоргос Катругалос кој e алтернативниот грчки министер за надворешни работи и кажува дека во договорот нема споменување на национаност, туку се споменува само државјнство. Ова укажува на тоа дека Зоран Заев едно говори пред домашната јавност, а грчките политичари го соопштуваат она што Заев го премолчува во Македонија. Договорот на Заев за капитулација не го штити Националниот идетитет, туку напротив го загрозува, рече Стоилковски.

Посочи дека на ова се надоврзува и членот на договорот со кој се предвидува бришење на зборот Македонија од употребата и инстутуционалната меморија во земјава.

-Ова значи дека Зоран Заев не само што не го штити името туку тргувал и со националниот идентитет и директно го загрозува со ваквиот договор. Ова е договор со кој стопроцентно се прифаќаат сите грчки барања, ниту една позиција на Македонија Заев не ја заштити во преговорите. Го повикуваме јавно и гласно да ги објасни изјавите на грчкиот премиер Ципрас и министерот Катругалос? Зошто дома ја лаже јавноста дека идентитетот е сочуван, кога самиот текст на договорот тоа не го потврдува и сосема понинаку говори гркиот државен врв? Има ли грам чуство за државност Зоран Заев штом прифатил ваков антидржавен и штетен договор?, праша Стоилковски.

Договор дивоградба, како што го нареше, е за преуредување на националниот идентитет и облик на Македонија.

Најнови вести

Коронавирус