сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 38
home Вести

Стоилковски: Заев ја лаже јавноста- Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го имашe добиено во 2008 година

Стоилковски: Заев ја лаже јавноста- Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го имашe добиено во 2008 година

Зоран Заев ја лаже јавноста. Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го имашe добиено во 2008 година. Условите за членство во НАТО Република Македонија ги исполни уште во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Заради Заев, сега дополнителниот услов не е решавање на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име, туку откажување од името Република Македонија и бришење на македонската историја, традиција и култура, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега е јасно дека Зоран Заев и неговата влада не покажала никаков успех ниту на тоа едно прашање на кое, наводно, беа концентрирани овие година и половина, запоставувајќи ги реалните проблеми на граѓаните. Тоа што Зоран Заев треба да го направи без никакво одлагање е да се извини на граѓаните затоа што постојано ги лажеше дека ќе ја внесе Република Македонија во евроатланските структури под привремената референца. Заев велеше дека ќе ги затопли срцата на Грците и дека ќе ја внесе Република Македонија во НАТО со непроменет Устав. Тоа што сега е реалност е дека Заев не само што ги затопли срцата на Грците, туку им ги прифати сите услови, а не успеа ниту да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, ниту пак влез во НАТО. Всушност, резултатот што дојде од НАТО е многу полош од оној пред 10 години, рече Стоилковски и додаде:

„Заклучокот од 2008 година е дека поканата за Македонија се одложува до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Заклучокот од оваа 2018 година вели: Тогаш кога, како го оценуваат во НАТО, историскиот договор за прашањето за името ќе се финализира и имплементира, НАТО ќе биде во можност да ја покани ПЈРМ да биде 30-та членка на НАТО. Јавноста е свесна што подразбира овој договор и не се сложува со неговата капитулантска содржина, не се сложува на промена на Уставот, бришење на историските факти, интервенциите во насока на обезличување на државата, обезличување на Македонците, бришење на придавките кои произлегуваат од името Македонија“.

Видни членови на оваа власт, потенцираше тој, велеа „Знаеме како“, сведочиме дека ништо не знаат.

-Македонските интеграции ја доживеаја судбината на македонската економија, на македонското земјоделство, на македонското здравство, на македонското образование, на македонската култура, на македонската безбедност, на македонската борба со корупцијата, на македонската борба за нови инвестиции и за нови работни места. Македонската држава со оваа власт доживува само порази. Затоа ги повикуваме граѓаните во недела да ни се придружат на протестниот марш во Кавадарци. Македонија ќе победи.