среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Заев и Спасовски го штитат градоначалникот кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин

Стоилковски: Заев и Спасовски го штитат градоначалникот кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин

Градоначалникот пулен на Заев кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин во својот кабинет, го штити Заев кој што молчи за целиот скандал, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за целиот случај наместо пријава го завериле како поплака, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин. Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува. Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо? Толку ли е голем притисокот на власта овој случај да се забошоти па мораат во обвинителство вака да се однесуваат? Тоа што Заев го заштитува, одобрува и поттикнува беззаконието веќе е јасно. Но пред некој дена јасно е дека структурите на МВР го штителе ова насилство, ама сега гледаме дека и обвинителството молчи и се прави недоветно и со тоа се претвора во соучесник на оваа политичко-институционална насилничка банда која што измачува граѓани. На обвинителството треба да им биде јасно дека Курто Дудуш, СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев прават се овој скандалозен случај да не добие разрешница и доколку се утврди вина и соодветно да се санкционира, обвинува тој.

Стоилковски порачува дека докази постојат и само слеп политички послушник не може да ги види и да ги процесуира.

-Тоа што нема ова заробено Рускоска обвинителство да го процесуира, ќе го процесуира обвинителство кое ќе биде ослободено од стегите на Заев и власта во заминување. Граѓаните гледаат дека овој криминално насилнички картел е во распад и следи период кога што ќе има одговорност за сите од власта на Заев кои го тероризираа, пљачкаа и осиромашуваа овој народ, но и за сите оние кои тоа го штитеа, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.