среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Стоилковски: Заев и неговиот криминоген картел почнаа предизборно да се расфрлаат со парите на граѓаните

Стоилковски: Заев и неговиот криминоген картел почнаа предизборно да се расфрлаат со парите на граѓаните

Зоран Заев и неговиот криминоген клан се во паника. Заев знае дека антидржавните, расипничките и криминогени политики се прочитани од граѓаните и дека ги губи изборите. Во таа паника сега ставаат се на една карта. И повторно Заев игра „ОлИн“, изјави на преск конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Предизборно се расфрлаат со буџетските средства, со парите на граѓаните, со цел да го намалат неизбежниот изборен пораз.
Денеска започнуваме серија прес конференции во која ќе објавиме повеќе сомнителни набавки и вработувања во предизборен период, кои што фрлаат сомнеж за незаконско работење.“

Стоилковски потенцираше дека управата за јавни приходи е една институција од оние кои што во низа се злоупотребувани од власта за свои цели.

„Тука е огласот за доделување на договор за јавна набавка, оглас со број 04/2019, каде што договорен орган е Министерство за финансии – Управа за јавни приходи, а предмет на договор за јавна набавка се услуги за привремени вработувања со проценета вредност без ДДВ: 17 милиони денари.
Овој оглас е со времетраење на договорот од 12 месеци, а е за услуги – Категорија на услуга број: 22 Услуги за привремено вработување (освен услугите кои се однесуваат на договорите за вработување). Понудите требало да се достават до 30.04.2019 во 11:00 часот, а период на важност на понудата стои 120 денови датум на објава: 13.03.2019 година.“

Според него ова е постапка која што по ништо не се разликува од ангажирањето, односно обидот за ангажирање на привремени работници во предизборни цели кои што се обидоа да ги спроведат пред референдумот.

-Тоа не е ништо друго туку поткуп во изборни цели. И тоа поткуп со игра на најсуштествената потреба на граѓаните – со потребата од работа.
Ова е класичен обид за злоупотреба на чувствата на 22 лица, на кои им сега им се нуди надеж за работа во следните четири месеци, дека понатаму ќе добијат постојано вработување во УЈП. Во замена, секако, доколку го исполнат посакувано однесување на изборите. Ова не е ништо поразлично од нудењето поткуп од Зоран Заев, од поттикнувањето на поткуп во изборни цели, кога повикуваше среде кампањата за референдумот „Одврзете го кесето“ порака за бизнисмените да дадат плата или бонус за работниците да излезат на референдумот, изјави Стоилковски и подвлече:

„За дел од овие примери веќе се поднесени кривични пријави кои ЈО не ги процесуира. Но ваквите постапки се од исклучителна важност за државата, за демократијата, и затоа мора да бидат испитани. Токму затоа, сите овие постапки ќе бидат ревидирани и за нив ќе бидат покренати истраги против одговорните. Нема трговија со правото и правдата. Нема трговија со принципот за еднаквост пред законот. На Македонија насушно и е потребна правда и таа е на дофат. Заевиот клан знае дека му се одброени деновите.“

Коронавирус