четврток, 22. април 2021. Вести денес: 76
home Вести

Стоилковски: Заев и Мијалков може да глумат колку сакаат, но народот ја виде нивната спрега која трае со години

Стоилковски: Заев и Мијалков може да глумат колку сакаат, но народот ја виде нивната спрега која трае со години

Нов ден, нова епизода од циркузот co пазарењето со правдата кој што го приредуваат СДСМ на јавноста. Сета јавност се смее на обидите на СДСМ да се дообјаснат за договорот којшто го имаа Зоран Заев- Вице Заев и Сашо Мијалков за бегство и изигрување на правдата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Префрлањето на топката и циркусот за јавност меѓу суд, обвинителство и полиција, што организирано се случуваше по информацијата за бегството на Сашо Мијалков, вклучително и сегашните лаги и за првиот и за вториот договор меѓу нив, не е одлика на систем кој што се бори за правда. Напротив, тоа е систем за замајување на јавноста! Па, има ли некој во СДСМ со чувство за одговорност и морален интегритет, или сите ќе продолжат да тонат во лагите? Не се недоветни, ниту изненадени, точно знаат што се случува! Три години името на Сашо Милајков ниту во партиско соопштение не го ставаа, а сега заедно глумат пред јавноста којашто им се смее, рече Стоилковски и додаде:

„По пропаста на првичниот договор за бегство, заради реакцијата на јавноста и надворешните фактори, започна второ пазарење, кое резултираше со трагикомични изјави, препотувања, потерници, па извинувања, па високи температури, па координации. На крајот јавноста виде како еден избеган од правдата заврши со екстра третман од власта. Театар на апсурдот, во којшто се уште глумат. Зоран Заев и Сашо Мијалков може да глумат колку сакаат, но народот ја виде на дело нивната спрега и коалиција којашто трае со години“.

Ова, според него, не е демократска власт, а ова не е владеење на правото.

-Човек за неносење маска ви почина во полициска станица, а Сашо Мијалков наводно им се „изгубил, па им се појавил пред очи“, ама резултирал притисокот? Во тоа ли сакате да веруваме? Зоран Заев покажа дека е врвот на мафијашката пирамида. СДСМ и Заев се тие кои сега бегаат и се плашат од правдата, бидејќи правдата ја користеа за поткусурување и пазарење. Наместо правна држава инсталираа мафијашки систем. Наместо владеење на правото инсталираа владеење на пазарлук. Штетите од тоа се гледаат од вселената. За кратко време Заев и оваа негова политичко-мафијашко-правосудна спрега за се ќе мора да одговараат.

Коронавирус