петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 190
home Вести

Стоилковски: За ВМРО-ДПМНЕ секое место е значајно, секој глас е значаен за Македонија конечно да направи исчекор

Стоилковски: За ВМРО-ДПМНЕ секое место е значајно, секој глас е значаен за Македонија конечно да направи исчекор

Традиционално ВМРО-ДПМНЕ сите свои кампањи ги започнува, така и оваа година, оваа изборна кампања 2021 локални избори ја започнува од Охрид. Се знае дека клучните пораки ќе ги испрати претседателот проф. д-р. Христијан Мицкоски. А, она што е важно е да се каже дека овие избори се клучни избори кои што ќе значат многу за она што значи иднина, обезбедување иднина за Република Македонија, токму затоа и таков е слоганот – создади нова иднина, за да се надмине се ова што сега се случува Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на телевизија 24.

Стоилковски додаде дека власта не презема одговорност за ништо, а за тоа пример е дека се уште нема одговорност за страотната трагедија која што се случи во Тетово и 14 граѓани го загубија својот живот.

„Кампањата која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ е токму она што го напоменав со проекти, со нови луѓе, со свежи луѓе, со луѓе кои што значат и имаат свое реноме во општеството, ќе се претстави пред граѓаните за да може граѓаните навистина да имаат еден избор насочен кон иднината, кон промените, кон победите на Македонија. Доста е веќе порази за Република Македонија, она што го прави власта апсолутно ние не можеме и не сме во услови да го правиме, пред се мислам на онаа негативна и црна кампања со која што и започна власта да води една кампања. И притоа прави и злоупотреби на институциите, се сеќавате во Ранковце, една немила сцена кога само што се соопшти кој ќе биде кандидат беа пуштени инспекциски служби, некои кривични пријави во општина Петровец и низа други недоследности. Додека со случаи како што споменав пожарот во тетовската болница немаше никаква истрага и се уште се чека на одговорност“, појасни Стоилковски.

Стоилковски посочи дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги опфати сите општини и места. Секое место е значајно во овие избори, секој глас е значаен за да Македонија конечно направи исчекор, позитивен исчекор нанапред, затоа што е доста од порази за Македонија. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ започнува од Охрид, а ќе заврши во Штип.

Најнови вести

Локални избори 2021