среда, 14. април 2021. Вести денес: 146
home Вести

Стоилковски во интервју за КУРИР: Се уште не се знае кога ќе започне вакцинирањето, граѓаните со право стравуваат за нивното здравје со одржување на пописот

Стоилковски во интервју за КУРИР: Се уште не се знае кога ќе започне вакцинирањето, граѓаните со право стравуваат за нивното здравје со одржување на пописот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во интервју за КУРИР вели дека власта се уште нема набавено вакцини иако тоа го најавуваше уште на почетокот на годината.

-Страшно е што и сега се уште не се знае кога ќе започне онаа регуларна вакцинација или системското решение на ковид кризата и наместо тоа, се воведуваат вакви решенија кои им се потребни на Венко Филипче и Зоран Заев за да покажат некаков маневар, бидејќи бројките се застрашувачки. Македонија ќе продолжи да биде црна дупка на онаа мапа од здравствен аспект на светот и истата ќе допринесе дополнителни потешкотии во економското делување во општеството во целина. Веќе втора година како Македонија тече, а не може да исплива економски, освен се подлабокото тонење и тонење во оние должнички кризи кои што не можат да не одминат со вакво делување на власта, вели Стоилковски.

Тој додава дека последиците од пописот се многукратни, особено што ВМРО-ДПМНЕ укажуваше на нив.

-Од една страна имаме илјадници заболени, се шири нов вирус, а власта се спрема за попис каде попишувачите ќе влегуваат во домовите и ќе ги попишуваат граѓаните. Во право се дел од граѓаните кога стравуваат како ќе се одвива целиот овој процес, вели Стоилковски.

Целото интервју за КУРИР можете да го погледнете во продолжение:

Коронавирус