четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ инсистира на итна смена на Републичкиот јавен обвинител

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ инсистира на итна смена на Републичкиот јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на итна смена на Републичкиот јавен обвинител! Вакви криминали при изјаснување на граѓаните какво што имавме на референдумот ја враќаат земјата во црното време на недемократијата во 90-тите години од минатиот век. Таа слика не смее да се повтори. Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески спие во заевата пупка на расцветаниот правосуден систем на Заев. Додека тој спие, се случува кражба на изборно право, присилно гласање, закани, уцени, полнење на кутии, па и сега санкции во администрацијата заради изборно право, што се тешки кривични дела. А, Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминални набавки во четири очи, за фондот за иновации, буквално за сите криминали кои потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици?, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и додаде:

Имаме јавен обвинител кој по Црвенковски сега има задача да ги амнестира сите криминали на Зоран Заев. Почитувани, Извршниот комитет на опозицијата вчера донесе заклучок со кој овој референдум го прогласи за неуспешен, заради недоволна излезност, но и ги нагласи заради бројните нерегуларности! Зоран Заев е должен да ја почитува волјата на над 1 милион и 2 илјади граѓани граѓани кои се против овој договор. Согласно анализата констатирани се преку 50.000 украдени гласови! Преку 50.000 ливчиња уфрлени во гласачките кутии. Врз основа на докази, констатирани се заплашувања на граѓани, имаше обид за поткуп, влијание врз гласачи, кршење на молк и други нерегуларности со што бевме сведоци на едни целосно недемократски и криминални избори. Републичкиот јавен обвинител не реагира ниту по поднесени кривични пријави од опозицијата!“

-Изборниот криминал на референдумот мора да се истражи, расчисти, да следуваат пропишани затворски казни! Пораката до организаторите и извршителите мора да е јасна, не смее да има изборни кражби, уцени, поткупи, кол-центри. Тоа со Љубомир Јовески како Републички Јавен обвинител е невозможно. Во едно мора да биде формирана анкетна комисија во Собранието за да се расчистат налогодавачите на изборниот криминал. Ако тоа не се случи, ако не се расчисти со извршителите и нарачателите на криминалните избори, тие повторно ќе се случуваат. Тоа, не се европски вредности. Тоа не се вредности кон кои треба да  цели Република Македонија. Тоа се само европски вредности само во главата на Зоран Заев, потенцираше Стоилковски.

Најнови вести

Коронавирус