петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Стоилковски: Владата платила 20 илјади евра во четири очи за крадење фотографии од интернет за домашен туризам

Стоилковски: Владата платила 20 илјади евра во четири очи за крадење фотографии од интернет за домашен туризам

Лагите кои што ги шират СДСМ и Зоран Заев, немаат крај, исто како што нема крај исцицувањето на буџетот за таа намена, пари за кои што секојдневно не задолжуваат, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Срамот кој што во светот го доживува Република Македонија заради украдените фотографии од езерото во Германија прикажано како македонско, или фотографиите од Франција, во кампања за домашен туризам, имаат цена! А, таа цена, почитувани, е договорена и спроведена во четири очи, без конкурс, без јавен оглас! Ова е јавната набавка во четири очи, тука се и дополнителните документи, во кои што стои дека Владата итно дава 20 илјади евра, заради итност оди со постапка со договарање, а не со конкурс, односно оглас. Тука е и документот од Бирото за јавни набавки за исполнети услови за постапување, за преговарање без објавување на оглас, заради корона кризата. Внимавајте, се работи за апликација за туризам, за доделување на ваучери пред избори за туризам и заради тоа имало потреба од итност покриено со корона кризата. И секако, овој договор во четири очи, овој тендер без оглас, за интернет платформа поврзана со ваучерите од шест илјади денари, како наводна помош за време на епидемијата, а во насока на предизборен поткуп, овој тендер за кампања за домашен туризам со крадени фотографии од Германија и од Франција, заради што се огласија и авторите на фотографиите, го добива фирмата „ЏиСикс“, која добивала и работа во Струмица и секако пари, лани добива грант од Фондот за иновации!
Значи, според СДСМ и Заев исполнети се можеби главните услови за договор во четири очи за да се добие тендер, тоа се двете главни препораки, да имаш конекција со Струмица контролирана од Зоран Заев, и да имаш однапред пари земено од Фондот за иновации! И можеби секако да немаш мака, да украдеш фотографии, да лажеш и да ги прикажеш како свои, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека исто како што лажеа за свои успеси па крадеа фотографии од објекти, така сега крадат фотографии од светот, прикажувајќи ги како свои!

-Ова е срам, СДСМ контролиран од Зоран Заев се срами од своја татковина. За СДСМ и Зоран Заев, Македонија не е доволно убава и не е доволно привлечна, па за кампања за домашен туризам користат фотографии од Германија и од Франција. Срамот е голем, но односот кон татковината и лагата искажана кон граѓаните е поголем! Нема збор, нема фотографија излезена од Зоран Заев и СДСМ, а да не е лага! Во најтешките моменти на Македонија, со незапаметена здравствена, економска, безбедносна, образовна, политичка состојба – владата на СДСМ и Зоран Заев – ЛАЖАТ! И згора на тоа, даваат буџетски пари, оние за кои што сите нас не задолжуваат – за ширење на своите лаги! Ќе ја победиме короната, а ќе го поразиме и вториот вирус, Зоран Заев и СДСМ! Или обнова или криза! Македонија ќе победи!, истакнува Стоилковски.

Коронавирус