среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Вести

Стоилковски: Владата денеска повторно не задолжи за 1,9 милијарди денари- министерот Тевдовски најавува дека задолжувањето ќе продолжи и следната година

Стоилковски: Владата денеска повторно не задолжи за 1,9 милијарди денари- министерот Тевдовски најавува дека задолжувањето ќе продолжи и следната година

Црното цунами за Република Македонија продолжува, денеска повторно не задолжуваат за 1,9 милијарди денари или над 30 милиони евра. Секој месец државата го зголемува долгот, помината е психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди и таквото темпо во сериозна опасност ја доведува ликвидноста на економијата на Република Македонија.  А министерот Тевдовски најавува дека тоа темпо ќе продолжи и следната година, со задолжувања на домашниот пазар од 300 милиони евра, како и дополнително задолжување во странство со кредити во вредност од 400 милиони евра, ова денеска на прес-конференција го потенцираше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во услови кога нема реализација на капитални инвестиции, нема економски раст, а задолжувањата растат. Прашањето е, каде одат тие пари? Повеќе не може да лажат дека знаат што прават и дека работите туку што не тргнале на подобро! Власта во паника самата себе се демантира а министрите се препукуваат во јавноста. Воведената царина за извоз на челик во ЕУ прави удар тежок 200 милиони евра, директно на компаниите од дејноста и на компаниите кои што ги опслужуваат! Оваа мерка без работа ќе остави веројатно 5.000 луѓе – работници, фирмите ќе имаат проблеми со ликвидност, ќе се соочат со колапс, ќе ги сопрат плановите за инвестиции во развој на овој сектор. И во исти ден, почитувани, еден министер, Бујар Османи, вели царината за извоз на Челикот во ЕУ ќе предизвика штета од 100 милиони евра. И тоа е првичната оценка прва проекција од компаниите во секторот, производители на челик и железо во Македонија, истакнува Стоилковски.

Тој додава дека истовремено, иновативниот Кочо Анѓушев, кој што го дели лебот на евтин и скап, вели немало да има намалување, туку зголемување на извозот на челик!?

-Истовремено Драган Тевдовски, човекот кој што испланира два годишни државни буџета со реална стапка на раст околу нулата, сега тврди дека овој зафат од ЕУ нема да се одрази на економијата и на планираниот економски раст!? Ова е само дополнение на самовљубеноста на неспособните, кои ги покачија акцизите на горивата, го поскапеа лебот, го уништија земјоделството, го урнисаа концептот на рамен данок, ги бркаат странските инвеститори, го омаловажија здравството, докторите, ги бркаат мозоците од Ај Ти секторот… Во услови на девастирана економија, минорна стапка на раст и реалната спирала на поскапувања, штетата која што оваа економска европска царина ќе ја предизвика врз македонската економија е во вредност од годишни плати на 29 илјади работници! Ова е катастрофа и по се изгледа намерно девастирање и осиромашување на државата за да се држи народот во економско заложништво, да му се одземе достоинството, честа, додека власта ја исполнува единствената, повторувам единствената цел на нејзиното постоење – промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, лажејќи го притоа народот дека тоа е подобро за подобар економски стандард! Пораката од ЕУ е јасна – економскиот удар покажува колку вредат Заев, Шекеринска, Димитров, Османи, Анѓушев, Тевдовски во очите на Европската Унија. Колку побрзо се застане на патот на овие луѓе кои ја зацрнеа Република Македонија, колку побрзо се сопре сеопштото црно цунами, толку побрзо заедно ќе почнеме одново да го враќаме достоинството на државата и на сите во Република Македонија, вели Стоилковски.

Најнови вести