сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 52
home Вести

Стоилковски: Ветуваа алпски воздух, добивме смртоносно загаден воздух, владата да прогласи вонредна состојба

Стоилковски: Ветуваа алпски воздух, добивме смртоносно загаден воздух, владата да прогласи вонредна состојба

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора! Мерните станици не работат, работи само една, погледнете ги вредностите! Во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром, изјави вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух. Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици. Шилегов, Заев ова е реалноста, не е измислица! Зад мене се кулите „Џевахир“ 4-те кои што се гледаат од секаде во Скопје, и би требало да се гледаат од секаде во Скопје, но гледаме дека од оддалеченост од 50-тина метри ние не ги гледаме.“

-Аеродром е местото каде што Заев, Шилегов и Златко Марин викаа „Аеродром Ајро – Ајро, воздух нема“ а веќе три години се на власт и чекаме било какво подобрување на условите за дишење, но попусто! Не е ништо поразлично ниту во соседните општини Гази Баба, Кисела Вода или пак Центар, никаде во Скопје нема услови за живеење. Бараме, Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата. Се поинаку од итна интервенција е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија, потенцираше Стоилковски.

Коронавирус