недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Стоилковски: Уште колку деца кои се под заштита на државата треба да настрадаат за Царовска и Заев да преземат одговорност?

Стоилковски: Уште колку деца кои се под заштита на државата треба да настрадаат за Царовска и Заев да преземат одговорност?

Министерката Мила Царовска мора веднаш да си подне оставка. Уште колку деца кои се под заштита на државата треба да настрадаат за таа да преземе одговорност? Уште колку деца треба да се соочат со доживотни психички и физички трауми за Заев да одлучи овој ресор да го отстапи на некој што ќе посвети внимание на социјалната грижа, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Системот на социјална заштита не функцинира. Случаите на социјална негрижа кулминираат. Министерката за труд  и социјална политика, Мила Царовска за повеќе од една година откако ја извршува функцијата, единствено е посветена на префрлување на средства на невладини и за патувања. За ова говори и последниот случај на силувано 14 годишно девојче од Домот за деца со социјални проблеми, Скопје кое престојувало во одморалиштето „25 Мај“ во Струга. Девојчето го пријавило случајот во Полициската станица во Струга. Министерството на Царовска – НЕГИРА дека се работи за силување, немале таква потврда од МВР, па додаваат дека установата каде е згрижено девојчето ја обезбедила потребната стручна помош и заштита. Ова не може да се протолкува поинаку од скандалозно и бездушно!  Обљуба на малолетник е тешко кривично дело за кое следи затворска казна од најмалку 10 години. Ова не е прв пат штитенички од Дом за деца да бидат жртви на силување. Внимавајте, ова е само еден од низата вакви случаи. Еден од многуте случаи кои говорат за негрижа за децата. Еден од многуте случаи кои ни говорат за сериозни пропусти, за ситуации во кои потфрлува системот на социјална заштита, вели тој.

Стоилковски посочи дека Домот за деца станува синоним за хорор и злоупотреба на децата.

-Еве зошто. Во февруари 13 – годишно девојче од Домот „25 мај“ абортираше, а случајот го обелодени Европскиот центар за права на ромите. Од Центарот тогаш објавија дека девојчето сведочело за сексуално малтретирање, била принудена на сексуални односи и физичка работа. Она што е вознемирувачко и зaгрижувачко е што одговорните лица не го пријавија нејзиното исчезнување ниту во полиција, ниту на нејзините родители. Истиот месец се откри дека се бремени уште две девојчиња од Домот „25 мај“. Едната на 15 години ја прекина бременоста, другата, тогаш 17-годишна одлучи да роди. Пролетта, исчезнаа тројца штитеници од Домот „25 Мај“ во Скопје. Во Штип тројца малолетници на возраст од 12, 14 и 16 години од згрижувачки семејства избегале во непознат правец. За Мила Царовска бегство на деца од домовите е вообичаена пракса. Во Скопје беше претепано и двегодишно дете и тоа претепано од својот татко. Почитувани, институционалната грижа за децата штитеници доживува колапс! Министерството за труд и социјална политика го тресат редици скандали, поврзани со  дезориентираноста на социјалните служби во најчувствителниот сегмет во државата – социјалната заштита и превенција.  И додека расте сиромаштијата, невработеноста и социјална исклученост, а системот на социјална заштита не фунционира, Мила Царовска за пари ангажира невладини организации за да изработуваат акти за работа на министерото. Нефункционалноста на системот на социјална заштита, пропустите, и пред се неисполнетите ветувања за подобар систем, говорат дека манипулациите се основа на политиката на Заев и со тоа на Царовска. Ниедно дете не смее да е жртва на погрешните политики, негрижата и алчноста за пари во матно преку сомнителни тендери! Колку деца треба да исчезнат, да бидат злоупотребени за Царовска и институциите да се освестат? Царовска треба да покаже доблесност и да си замине од оваа функција, рече тој.

Коронавирус