недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Стопанството се распаѓа, а режимциве наметнаа прашање дали недела да биде неработен ден!

Стоилковски: Стопанството се распаѓа, а режимциве наметнаа прашање дали недела да биде неработен ден!

Се распаѓа стопанството, луѓе губат работа во режимскава рецесија, ама како главно прашање режимциве наметнаа дали недела е неработен ден за сите, односно дали треба да се молзе и во недела?, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

И се скараа синдикатите и “фирмаџиите” дали да се работело со модел 6+1 слободен ден неделно или европски 12+2 слободни дена; со тоа што синдикатот стравува од нови злоупотреби.

Јас лично би им препорачал и на работодавачите и на работниците да баталат празни расправи на ваква неконструктивна тема – дали ако излезат од бунарот во кој се дават ќе биде среда или сабота; а не како заедно да се изборат да излезат против злоупотребите, на пример каде се 850 милиони евра позајмени за нив, односно за зачувување на бизнисот и работните места!

На оваа дискусија само ќе надоврзам дека има 55000 нови невработени, додека администрацијата се надополнува предизборно.

И, впрочем зошто не се дигне прашање како тоа администрацијата работи со сите повластици за работно време и слободни денови, па работник од реалниот сектор за да заврши обврски треба да “бега” од работа за да стигне по шалтерите!

Има многу сериозни теми, не дозволувајте молзење на енергијата со празни муабети со класичната режимска тактика “скарај, па владеј”, вели Стоилковски во својата објава.

Коронавирус