недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Срамно е да нема истрага за случајот со родилката од Дебар

Стоилковски: Срамно е да нема истрага за случајот со родилката од Дебар

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашања истакна дека е срамно по половина година правдата да се бара преку медиуми за жена, родилка која што останала без витални органи.

-Срамно е да нема истрага за ваков случај, само затоа што можеби се работи за директор на болница и неговиот син кои што се со политички функции? Жена чија што бременост е водена од директорот на болницата да остане на крај без витални органи и да нема истрага е навистина срамно жално и не се почитува човековиот живот? Балканот ја имаше Жолтата куќа, а Македонија го има Венко Филипче! Здравството е колабирано, луѓе остануваат без органи, епидемија коси, вакцини нема, Македонија е слепо црево кога е здравството во прашање, а тој се вози на мотори по планини и гради хациенди. Доста е со криење на проблеми под тепих, време е Венко Филипче да си ја потпише оставката, нагласи Стоилковски.

Коронавирус