петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Стоилковски: Со официјалниот молк и неубедливите настапи, Заев и Пендаровски се соработници на Радев во понижувањето на Македонија

Стоилковски: Со официјалниот молк и неубедливите настапи, Заев и Пендаровски се соработници на Радев во понижувањето на Македонија

Како поинаку да се нарече државна политиката која што премолчува закани и изјави од соседна држава, изјави и закани од претседател на соседна држава, за активирање и испраќање на разузнавачки служби, полициски структури и други во политиката опишани како непријателски дејствија, освен како понизна, полтронска, адржавна, колонијална, потчинета на странски интереси? – прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение следува интегрален текст од негвиот коментар:

Дали не е понижувачко премолчувањето и немањето соодветна реакција на Македонија- поточно на Зоран Заев и на Стево Пендаровски, дали официјалниот молк, подвитканата кичма од нив кон заканите од бугарскиот претседател Румен Радев, не се понижувачки за цела држава Република Македонија?

Токму таквата потчинета и адржавна политика, му остави место на бугарскиот претседател Румен Радев директно да се меша во внатрешните работи на Македонија. Притоа, Македонија се именува како „држава од двете страни на Вардар“, како да се работи за неименувана територија. Се упатуваат  закани, се одржуваат средби на разузнавачки служби, полициски структури, бугарската армија можеби, за да се делувало во Македонија.

Румен Радев организираше состанок со безбедносни и разузнавачки структури, за акција за  наводно штитење на бугарско малцинство во Македонија. А Зоран Заев со еден потпис се откажа од Македонците во Бугарија. Сега Заев, дали гледаш колку ти е свиткана кичмата?

Секоја нормална држава во ваков случај веднаш би ги презела сите дипломатски механизми кои што и стојат на располагање, механизмите на ЕУ, на НАТО, на Обединетите Нации, механизми кои што барем декларативно стојат на страната на нападнатите бидејќи според дипломатски речник- ова е напад!

Македонија тоне на меѓународна сцена заради понижувањето прво од Заев, па од Пендаровски, па од сите надолу во власта. Со изјавата на Радев и изостанувањето на официјална реакција, дипломатска нота, повикување на амбасадор во МНР е уште едно заево виткање на кичмата.

Зоран Заев ја загрози државноста. Загрозен е и Уставот и суверенитетот на државата. Погазено е начелото на сувереност гарантирано со меѓународното право, но и начелото на немешање во внатрешните односи на други држави, исто така гарантирано со меѓународното право.

Погазени се и принципите на НАТО. Што би рекла Шекеринска ова е прва директна закана за испраќање на странски разузнувачки служби да делуваат во Македонија откако сме членки на НАТО. И тоа од кого од Бугарија, партнер на Македонија во НАТО!?

Со официјалниот молк и неубедливите настапи, Заев и Пендаровски не се ништо повеќе од полтрони и соработници на Радев во понижувањето на Македонија.

Коронавирус