сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Стоилковски: Скандалозните податоци за бранот на непотизам и заразата од партиски вработувања во предизборието се фрапантни

Стоилковски: Скандалозните податоци за бранот на непотизам и заразата од партиски вработувања во предизборието се фрапантни

Скандалозните податоци за бранот на непотизам, заразата од партиски вработувања во предизборието се фрапантни, обелоденува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствен критериум за вработување во Македонија, не е квалитетот или стекнатото знаење, единствен критериум за работа е да бидеш во семејна врска со кланот на власт! Непотизмот е симболот на оваа власт во заминување. Владините министри донесоа зараза од нов непотизам во Република Македонија. Почитувани, низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции се поделени во Штип. Љупчо Трајковски е началник на СВР Штип. Неговата сопруга, Снежана Трајковска е директорка на здравствениот дом во Штип. Брачниот пар Трајковски во Штип се познати како брат и снаа на Трајковски, човекот кого во Штип го сметаат за одговорен за пропаста на гигантот Македонка-Штип со над 6.000 вработени. Тони Атанасов е командир на противпожарната единица во Штип, а неговата сопруга Софка Атанасова е директорка на детска градинка во Штип, истакнува тој.

Стоилковски објавува дека Јане Миланов е претседател на општина Штип, а неговата сопруга Љубица Миланова е поставена за главна сестра во штипската болница.

-Внуката, пак, на претседателот на општината, Милкица Санева е шеф на кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски. Кога власта и министрите шират зараза од непотизам низ ЕЛЕМ, МЕПСО, МНАВ, и другите институции каде што платите се неколкукратно поголеми од просечната,  локалните функционери ги фаќа вирусот на полнење на администрацијата со роднини. Ниту мерит систем, ниту квалификации, ниту образованието е на цена, се цени само врската со функционерите на СДСМ! Функционерите од власта ги напикаа децата и роднините во државни јасли, а квалитетните луѓе не добиваат шанса, го препознаваат непотизмот и се иселуваат од Македонија. Почитувани, за 3 дена и 10 часа Зоран Заев заминува; на 12 април ќе замине сета оваа непотистичка мрежа. Обновата ќе почне и со неа одговорност во Македонија – мора да има, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус