недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Стоилковски: Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев- ваквите бомбона бизниси мора и треба да бидат преиспитани

Стоилковски: Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев- ваквите бомбона бизниси мора и треба да бидат преиспитани

Уште не оладено столчето на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев, компанија блиска до него заработува тендер од 1 милион и 600 илјади евра од министерството водено од Радмила Шекеринска, истакна портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев и официјално да замине од Владата, Шекеринска склучува договор за јавна набавка со ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС, односно ЕДС кое е во врска со Кочо Анѓушев. Шекеринска ја одбрала фирмата меѓу 4 понуди, како се наведува заради најниската понудена цена. Симптоматично е како и зошто во очи на официјална изборна кампања Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев?, запраша Стоилковски и додава:

„Ова не е прв пат компанија блиска до Анѓушев да добива владини договори со потпис на Шекеринска. Шекеринска се споменува и при договорот за државно земјиште за хидроцентрала со компанијата Тополки, каде Анѓушев и неговиот брат беа во сопственичка раководна структура. Анѓушев тогаш „се изземал“ при носењето на одлуката“.

Ваквите, подвлекува партискиот портпарол, бомбона бизниси мора и треба да бидат преиспитани.

-Бараме институциите задолжени за справување со судир на интереси и спречување на корупцијата да се одважат и започнат постапка по допрен глас.

Коронавирус