сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 30
home Вести

Стоилковски: СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да направи дефокус од капитулантскиот договор за бришење на Република Македонија и на Македонците

Стоилковски: СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да направи дефокус од капитулантскиот договор за бришење на Република Македонија и на Македонците

СДСМ е исплашен од фактот дека граѓаните единствен заштитник на национални и државните интереси гледа во ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседателот Христијан Мицкоски, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Затоа СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да фрли дамка врз неговата професионална богата кариера и биографија. Обидот да се оцрнат ценети професори кои оставиле белег во академската средина, покажува колкав е очајот на СДСМ да се направи дефокус од капитулантскиот договор и согласноста за бришење на Република Македонија и на Македонците, нејзината историја, култура и традиција. СДСМ повторно го потценува народот и неговата интелигенција. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води аболициран криминалец за криминали тешки милиони евра. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води човек кој ја крие биографијата на сопствениот татко, истакнува Стоилковски.

Тој додава дека Зоран Заев треба да одговори пред македонската јавност дали неговиот татко, исто како и тој самиот, имал проблеми со институциите и законот и бил гонет за кражба на струја.

-Дали е точно дека Панче Заев, таткото на Зоран Заев, бил на суд за кражба за над 15 000 киловати електрична енергија? Зоран Заев е должен да одговори колку Вице Заев и останатите членови на криминалниот картел го имаат зголемено капиталот откако Зоран Заев е дојден на власт. Валканите манипулации на СДСМ не минуваат кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат власт која што ќе работи за нив и ќе ги штити државните и национални интереси, вели Стоилковски.

Коронавирус