вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Стоилковски: СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори

Стоилковски: СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори

СДСМ подготвува изборен грабеж на претстојните избори. Отворено се сомневаме дека Зоран Заев и криминалниот картел повторно имаат намера да ја изиграат народната волја со истите методи кои ги применија и на последниот изборен процес, односно на референдумот, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Отворено се сомневаме дека ќе има повици за поткуп на гласачи, групно гласање и полнење на кутиите, што резултираше со уривање на гинисови рекорди кога одреден период од денот на одредени избирачки места се гласаше на секои четири секунди.
Отворено се сомневаме дека институциите кои се политички притиснати, уценети и нагазени од криминалниот картел, ќе му помогнат на Заев и ќе замижат пред криминалите.“

-И има основа за таков сомнеж, и има материјални докази за таков сомнеж. Тоа е содржината на поднесените кривични пријави до Јавното Обвинителство на Република Македонија, токму за нарушен изборен процес. Поднесени се кривични пријави против над 200 членови на избирачки одбори, за брзи прсти и гласање за 4, 5, 9, 12, 14 секунди, во зависност од избирачко место. Поднесени се и кривични, за изборен поткуп и повик за поткуп среде референдумска кампања, и цела низа други кривични пријави за кои нема никаков глас дека се процесуираат во јавното Обвинителство. И поинаку не може да биде, не може да се нема сомнеж дека се подготвува истото. Во вакви услови не може да се одржат фер и демократски кредибилни избори. Поинаку и не може да се протолкува молкот од страна на јавниот обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од страна на ВМРО ДПМНЕ, подвлече партискиот портпарол.

Стоилковски упати прашање до Републичкиот Јавен Обвинител, Љубомир Јовески кого крие и кого штити и зошто не постапува во врска со изборниот грабеж.

Дали причина за молкот е непријатната содржина на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои се под негова команда? Зошто и оваа истрага тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимани и што се содржат нивните разговори? Кој ги има овие разговори? Кој ги преслушал овие разговори и дали во нив има индиции за криминал или интимни содржини со кои што обвинителите може да бидат уценувани? Време е Јавниот Обвинител да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата која што ја дал. Јовески со непостапување ја злоупотребува должноста, што е казниво дело, Уште пострашно е што со непостапување фрла сенка кон претстојниот изборен процес, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Коронавирус