недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 89
home Вести

Стоилковски: СДСМ ја злоупотребува Цариградската Патријаршија за изборен маркетинг на Заев кој го претставуваше Вартоломеј како нечесник

Стоилковски: СДСМ ја злоупотребува Цариградската Патријаршија за изборен маркетинг на Заев кој го претставуваше Вартоломеј како нечесник

Зоран Заев и СДСМ продолжуваат да ја злоупотребуваат власта и државата во изборни цели. Зоран Заев е бесрамник кој што нудеше поткуп и го претстави ГГ Вартоломеј, Вселенскиот Патријарх, како нечесник кој што зема мито од 100 или 150 илјади евра за носење одлука на Вселенскиот Патријарх, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Таквиот став и однос на Зоран Заев кон Вселенскиот патријарх имаше можност да ги слушне сета меѓународна заедница, вклучително и ГГ Вартоломеј. Сега СДСМ и Оливер Спасовски од позиција технички премиер, ја злоупотребуваат посетата на Цариградската патријаршија, ја поистоветуваат државата со партијата и  бесрамно го носат Зоран Заев во Цариградската Патријаршија само и само во изборни целина СДСМ. Поканите за вакви средби не се однесуваат за лични, приватни односи, туку за меѓудржавни, политички, службени прашања. Елементарна неписменост на СДСМ е поканите кон функции да ги смета за лични, адоколку е така, тоа е нов обид на СДСМ со лага да ги изигра граѓаните!, вели Стоилковски.

Тој додава дека бесрамно, владата го пишува Зоран Заев како дел од владина делегација иако човекот повеќе не е во владата. Уште по безобразно е што СДСМ злоупотребува владина средба но ја злоупотребува и Цариградската Патријаршија за изборен маркетинг на Зоран Заев.

-Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, што и кого претставува Зоран Заев во владина делегација при државна посета, за која што како влада издадоа соопштение? Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, дали Зоран Заев на средбата се однесувал долично, дали се извинил за искажаната понуда, или останал на понудата од 100-150 илјади евра поткуп за Цариградската Патријаршија? Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, доколку навистина сметаат дека поканата била лична до Зоран Заев, што бараат Оливер Спасовски во својство на премиер и владина делегација на таква лична средба? Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, Дали присуството на Зоран Заев во владина делегација е наметнато со цел лажно претставување на Заев во лажно својство?, прашува Стоилковски.