вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Стоилковски: СДСМ ја поистоветува државата со партијата и прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели

Стоилковски: СДСМ ја поистоветува државата со партијата и прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели

СДСМ ја поистоветува државата со партијата. Прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Граѓаните им ги плаќаат возењата и партиските состаноци тука во седисштето на СДСМ на партиските фунцкионерите на СДСМ. Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Мила Царовска, кои се министри во владата на партиски состанок доаѓаат со службени возила, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска незаконски користат службени возила вон работно време и за приватни средби. Според тоа што беше објавеното во медиумите, министрите не беа единствени кои што користеа службени возила и се превезуваа за партиски потреби, злоупотреби имаат направено и од голем број на директори и други избрани и именувани функционери од оваа партија.“

Стоилковски констатира дека ова не е правна држава и запраша дали граѓаните на Република Македонија се должни да го плаќаат приватниот превозот и приватните партиски состанови на СДСМ и дали е ова департизацијата на администрацијата која што ја ветуваа и за која зборуваа на цел глас

Злоупотребата на државни возила за партиски цели е врв на партизација на државата. Ова покажува дека СДСМ не прави разлика помеѓу партијата и државата. СДСМ мора да одговори, колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ, во смисла на возила, шофери, гориво и амортизација на возилата кои што се наплаќаат од Буџетот од граѓанитена Република Македонија. Злоупотребата на државните ресурси е уште една причина СДСМ да си замине од власт, потенцираше Стоилковски.

Коронавирус