сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: СДСМ должи одговор зошто во администрацијата има место за партиски кадри и роднински врски, а нема за професионалци

Стоилковски: СДСМ должи одговор зошто во администрацијата има место за партиски кадри и роднински врски, а нема за професионалци

Криминогената власт на СДСМ должи одговори за најцрната партизација на администрација. Од центарот на оваа партизација должат одговори зошто во администрацијата има место за партиски кадри и роднински врски со партиски функционери, а нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за луѓе кои навистина ќе внесат нов дух во јавната администрација. Наместо одговори, од таму испраќаат флоскули за некаква транспарентност и реформа на администрацијата, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова снопче е снопче со испринтани одлуки за прием на околу 100 нови вработени во Македонски шуми. Е па почитувани, реформа во администрацијата на Македонски Шуми според ова снопче овде не може да внесат роднина на Генералниот директор, вработена во подружницата Бор во Кавадарци; или пак син на Директорот на подружницата Малешево Берово вработен кај татко му. Во подружницата Сандански во Македонски брод синот на градоначалникот, потоа неговиот внук и синот на раководител на подружницата. Во Скопје ќерката на Директорот на секторот за производство, или во Радовиш ќерката на Инспектор за шумарство, познат партиски активист, како и ред други, дел од над 30 вработувања во Македонски шуми, како дел од проектот Мрежа од роднини и активисти на СДСМ за полнење на администрацијата според општинските Црни тефтери. Во таа „Мрежа“ на општински тефтери се имиња на партиски војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот. Сега по тој список се пополнуваат општинските администрации и Јавните претпријатија, а земени се предвид и места зафатени од луѓе примени на определено време кои не биле дел од мрежата во црните тефтери, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека се работи за црна антиреформа според која во оваа држава нема место за други во јавната администрација. Со оваа мрежа се спроведува мрачниот план на Заев за партизација од хигиеничар до министер, или како што Курто Дудуш убаво тоа го објасни дека членската книшка на СДСМ ќе биде се’, дури и замена за лични документи.

-Ќе ја повторам и нетранспарентноста за вработувањата во М-НАВ, 24 лица од кои речиси ниеден нема соодветно образование, но има партиска или роднинска позадина, ќе ги повторам и вработувањата на мајката на Костадин Костадинов од СДСМ и сестрата на Александар Кирацовски во администрацијата во Битола. Веројатно министерот Дамјан Манчевски не смета дека тие ќе треба да ја понесат вина кај лошите оценки од Европската Унија. Молкот на одговорните, молкот на оваа криминогена власт која ја зацрни Република Македонија мора да престане. Приклучете се на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во среда, заедно да побараме одговорност од оваа власт за една црна намена. Ги повикуваме сите кои сакаат да стават крај на разни Мрежи и Црни тефтери, кои се срамат што се спроведуваат вакви антиреформски проекти- државна работа според партиско роднински заслуги. Дојдете во среда во 17 часот заедно да застанеме на патот на црните вредности на Зоран Заев, на патот кој што не води кон Европската Унија, да застанеме на патот на уништување на Република Македонија од оваа криминогена мрачна страховлада, рече Стоилковски.

Коронавирус