вторник, 23. април 2019. Вести денес: 68
home Вести

Стоилковски: Република Македонија е обесчестена и обезличена

Стоилковски: Република Македонија е обесчестена и обезличена

Република Македонија е обесчестена и обезличена. Зградата со адреса Илинденска број 2 во Скопје, осамна без буквите Влада на Република Македонија!Македонија е обесчестена и обезличена. Тоа е оценка од граѓаните, тоа е оценка и од Зоран Заев, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Ги слушнавте зборовите на Зоран Заев за странските медиуми. Слушнавте како вели кога влегувате во оваа Влада пишува Влада на Република Македонија, а зад мени ја гледате денешната слика на денешниот изглед на Владата на Република Македонија каде што ги нема буквите што значи дека Македонија е обесчестена, Македонија е обезличена.“

Стоилковски потенцираше дека денеска, согласно зборовите на Зоран Заев, Македонија е обезличена, Македонија е обесчестена и не држи она оправдување за знамето на НАТО, бидејќи знамето на НАТО се вееше пред Владата на Република Македонија и додека на неа стоеја светите букви Влада на Република Македонија.

„Заев ја обесчести државата и дома и надвор. Неговата изјава која ја видовме и неговото делување денеска е срамно! Што и да одговори Заев денеска, дадената оценка останува: Тој ја обесчести, ја обезличи државата! Видеото кое пред малку го видовте, ја има иста тежина како она телевизиско гостување на Заев каде лично тој се колнеше во дедо, татко, деца дека додека дише, додека го дише овој македонски воздух, нема да чепка по името и Уставот. Го слушнавте Зоран Заев каде што вели дека додека дише додека го дише овој македонски воздух и додека го држи паметот, не верува дека некој ќе се појави во македонскиот парламент и ќе бара промена на уставот со цел промена на уставното име.“, подвлече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Зоран Заев сам излезе пред пратениците во Парламентот и бараше промена на името, сам бараше промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Според него ова е вистинскиот Заев, ова е Зоран Заев, ова е човекот кој за жал ја води државата, ова е човекот кој што сега повторно ветува се и сешто, додека ги продава националните и државните интереси, а криминалот царува во секоја пора на општеството.

За Стоилковски ова е истиот Зоран Заев кој бега од избори, бега од соочување со вистината, бега од соочување со граѓаните. Бега и се крие во концептот „едно општество за картелот“ и ова е Зоран Заев кој и натаму лаже, лаже за економијата, за здравството, за образованието, лаже за младите, за вработувања за странски инвестиции.

Зоран Заев и криминалниот картел околу него знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните, знаат дека лагите не минуваат и дека од Заев не може да се очекува ништо повеќе освен натамошна девастација и уништување на државата и на граѓаните. Со негови зборови обезличување, обесчестување на државата и на граѓаните. Почитувани, неговото бегство од избори докажува дека Заев е страшливец кој што повеќе нема кредибилитет пред никого, ниту дома ниту надвор. Зоране Заев, собери си го криминалниот картел и замини си од владата, дополни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.