понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Стоилковски: Пратеник од власта Мухиќ, призна дека со договорот на Заев со Грција се брише македонскиот идентитет

Стоилковски: Пратеник од власта Мухиќ, призна дека со договорот на Заев со Грција се брише македонскиот идентитет

Договорот кој што го потпиша и склучи Зоран Заев е најнепоправлива штета за македонските интереси. Се повеќе луѓе се охрабруваат да го кажат своето мислење дека со овој договор всушност се врши менување на македонскиот идентитет, посочува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Последната таква изјава доаѓа токму од власта и тоа од еден од најжестоките поддржувачи на картелот на власт, пратеникот на владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ. Тој впрочем не можеше да ја сокрие вистината дека со овој договор се бришат етникумите, и договорот поседува точки кои содржат бришење на македонската нација. Мухиќ го опишува договорот со Грција дека е најбесмислениот и најпарадоксалниот договор направен досега. Камен од камен не остана од нас, изјавува Ферид Мухиќ. Мухиќ кој е пратеник од власта посочува дека договорот е експлицитен доказ дека со ова се укинува етнички и културен идентитет на Македонците како нација, а со тоа и на сите други. Со ова сите се само граѓани на Северна Република Македонија односно Република Северна Македонија вели Мухиќ. Има ли поголема потврда од ова што луѓе од власта го критикуваат договорот на Заев со Ципрас и признаваат дека договорот како штетен? Зоран Заев склучи договор со кој се брише македонска нација и се менува македонскиот идентитет, порача тој.

Коронавирус