среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Пластелин коалицијата Заев – Гаши е само за да се задоволат личните апетити и да се остане или да се добијат нови функции

Стоилковски: Пластелин коалицијата Заев – Гаши е само за да се задоволат личните апетити и да се остане или да се добијат нови функции

Ова сега што го направи Зоран Заев е токму како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пластелин колаиција и таа се формира на барање на партиите кои се таму и сега што може да се очекува од коалиција која на партија која има 3-4 пратеници добива и толку министерски, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Македонска телевизија во емисијата Објектив.

– Но, ова, оваа пластелин коалиција води кон една друга состојба. Се поставува прашањето дали власта можеби ќе оди со ново законско решение и измени со кои ќе предвидува нови функции, како што беше случај пред некоја година кога воведе заменици директори во јавните претпријатија. И сега за да ги задоволи апетитите на партнерите може да се донесе некој закон на пример за заменици на заменици и дополнување на администрацијата, рече Стоилковски.

Оттука според него сето ова е направено само за вработување на партиски кадри.

– Се друго е ставен во заден план. Се побара и ревизија на судски случаи и се додека за судски предмети се разговара на политичка маса, а не во судството кажува многу. Тоа е фрлање на песок во очи на јавноста и ништо повеќе. Првите поглавја за ЕУ се правда и внатрешни работи и тие велат дека се за ЕУ како се за ЕУ кога го бараат ова да има ревизија на судски предмети, кажа Стоилковски.

Но она што зачудува, вели тој, е тоа шро според власта Македонија веќе три години има датум за преговори со ЕУ три години, ги има решено сите прашања со соседите.

– Сега не може ништо да се очекува. Ме чудат колициските партнери на Заев помалите кои велат не се задоволни и велат Гаши барал премногу, а тоа се луѓе кои еден ден ја рушеа владата, а друг ден веќе влегоа во власта и стануваат дел од колачот на криминалот и корупцијата, посочи Стоилковски.

Коронавирус