понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Стоилковски: Ова е класичен дилентатизам, поим немаат каде тераат

Стоилковски: Ова е класичен дилентатизам, поим немаат каде тераат

Колку што јас накусо разбрав од интервјуто на министерката за финансии Нина Ангеловска за едно меѓународно радио, ниту таа ниту МФ поим немаат колку пари им требаат.

Немаат ниту анализи, допрва од Светска банка ќе барале да се прави анализа за влијанието на кризата врз економијата. Кој да направи анализа, локална канцеларија на СБ/ММФ? Зошто, нема ли капацитет МФ да направи анализа?

И од каде тогаш изјавите до вчера дека буџетот е ликвиден и во кондиција, врз чија анализа? Ако сега нема кој да направи анализа, чии се тие анализи? Или се изјави давани на памет?

Ако нема анализи зошто тогаш јавно лицитираат со бројки? Врз кои анализи се лицитира со бројки една милијарда, две, па и три?

Дури и самата вели “несериозно да карикираме, да фрламе со бројки 500 милиони, една милијарда, колку ќе ја чини економијата”.
Ова е класичен дилентатизам!
Поим немаат каде тераат.

Фејсбук статус на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум СТоилковски

Коронавирус