вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Остануваат уште 4 дена до референдумското изјаснување на кое Заев бара поддршка од граѓаните да се самоукинат како народ

Стоилковски: Остануваат уште 4 дена до референдумското изјаснување на кое Заев бара поддршка од граѓаните да се самоукинат како народ

Политичарите кои ги бива да лажат и да манипулираат имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него. Политичарите кои се коцкаат со идентитетот на македонскиот народ и граѓаните да ги ставаат како влог „олл ин“ имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него. Зоран Заев и таквите како него не разбираат и не можат да разберат дека не се сите исти. Има политичари кои не лажат, кои имаат достоинство и на кои државните и националните интереси им се приоритет, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Остануваат уште четири дена до референдумското изјаснување на кое Зоран Заев бара поддршка од граѓаните да се самоукинат како народ. Уште четири дена, а Заев ги крие амандманите на македонскиот Устав скроени по грчка мерка кои јавноста ги дознава преку медиуми. Зоран Заев и потписниците на капитулантскиот договор, со прифатените планирани измени на преамбулата на Уставот доставени од Грција, го бришат историскиот контекст на македонската борба за независна и самостојна држава. Се брише АСНОМ, а се брише и сувереноста. Со измените во Преамбулата се создава нова бинационална држава. Според информациите на медиумите за доставените измени Преамбулата би гласела: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.“, рече Стоилковски и додаде:

„Вчерашниот обид за манипулација од власта за планираните измени во Уставот, покажува дека се свесни дека се фатени во лагата дека наводно не ги знаат амандманите и измените, па тргнаа со нова лага, со обид за привид за штетните измени. Заев договорил, а Димитров спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот! Тоа не смее да се случи! Тоа се две различни категории. Дијаспората е економска категорија, луѓе кои по различни економски причини заминале во светот. Малцинството е политичка категорија која се поврзува со заедничкото етничко потекло“.

Македонското малцинство во Грција кое се бори за признавање, но и за исправање на историската неправда проследена со прогони, етничко чистење и насилна асимилација, потенцираше Стоилковски, сега според најавените амандмански измени на Уставот, макар и да не мине референдумот, како што најавува власта, нема да бидат Македонци со заедничко етничко потекло со Македонците од планираната нова нација и нова држава.

-И тоа било зачувување и зајакнување на идентитет и историјата според Заев, Димитров и кланот на власта. Изедначување на македонското малцинство во соседството со дијаспората, заедно со бришење на топонимите значи целосно бришење на македонското постоење во северниот дел на Грција од историјата. Ние ќе бидеме Северните Македонци, тие што живеат во Егејска Македонија ќе бидат грчки Македонци бидејќи според чл.7 од договорот им е дозволено да бидат поврзувани со хеленската цивилизација, култура, традиција, историја. Ќе се создаде вистински етнички хаос меѓу нас што живееме во Република Македонија или како што планираат по ново Република Северна Македонија и сите други. А, тоа е и целта, да не изолираат и со тек на време да исчезнеме како мала нерелевантна група, а сите Македонци во дијаспората да ги одродат од нас. Напросто, со менувањето на нашиот идентитет сакаат да направат нов народ на Балканот, без корени и без врски.

Најнови вести

Коронавирус