понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Стоилковски: Огласот за корупција на новинари се уште стои, Марин и СДСМ Аеродром сметаат на неказнивост

Стоилковски: Огласот за корупција на новинари се уште стои, Марин и СДСМ Аеродром сметаат на неказнивост

Здружението на новинарите на Македонија бара градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и општинскиот Совет воден од СДСМ ВЕДНАШ да го поништат објавениот оглас за награди од 180.000 денари за новинарски прилози во кои што ќе ги фалат!, вели во „Коментар на денот“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Најстарото еснафското здружение на новинарите во Македонија, го потврди тоа што го откривме – распишаниот Оглас во кој што се нудат пари, награди, во кој што се нуди поткуп за новинари и за медиуми два месеци да ја фалат стратегијата и успесите на СДСМ на локално ниво, односно на најнеуспешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин – е КОРУПЦИЈА!

Македонија се дави во криминал и корупција, а хибридниот режим е предводник во тоа! По меѓународните релевантни посочувања за корумпираноста на сите нивоа на власта, по меѓународните, и домашните адреси почнаа јавно да зборуваат!

ЗНМ го потврди тоа што го зборуваме со денови, дека огласот во Аеродром е неетички и е обид за нарушување на објективноста во медиумите, дека е обид да се влијае врз уредувачката политика и дека штети на медиумската сцена, уште повеќе од тоа страда јавниот интерес.

И по ова директно и прецизно укажување од ЗНМ, Огласот се уште стои на интернет страницата на општината Аеродром! Златко Марин и советот на СДСМ се упорни во тоа што го намислиле, сметајќи на неказнивост. Но, ова е скандал што не може да го покрие ниту маркетинг агенција платена 73.000 евра. Тоа е огромен скандал за кој што Антикорупциската комисија се уште молчи, а во неа членува и еден поранешен новинар – уредник. Нека продолжат и натаму да молчат, и онака молчат за се!

Затоа пак, го повикувам Љупчо Николовски, оној министерот ЗА корупција, тој да покаже барем малку доблесност и да преземе решителна акција против Марин и општинскиот Совет на СДСМ во Аеродром! И нему му е јасно дека „со корупцијата се претера“ и дека не се само перцепција односно извештаите се точни на „Транспаренси“, на „Економист“, на „Херитиџ“, сега и на ЗНМ!

Доколку пак нема сили да се избори за тоа што е поставен, или го имаат в раце заради роднинските вработувања во МНАВ – тогаш нека си поднесе оставка!, порачува Стоилковски.

ЕУРО 2020

Македонија