понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Вести

Стоилковски: Обинителството да го испита случајот со Клиничката болница во Штип

Стоилковски: Обинителството да го испита случајот со Клиничката болница во Штип

Болница во Штип нема, а наместо казна за изведувачот, по две години доцнење со проектот, Венко Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДОМНЕ Наум Стоилковски

-Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет 3“, Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај, вели Стоилковски

-Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница? Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница? Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова длабоко го нарушува договореното на тендер за градба на болницата, најмногу во делот на цената за изведување, како приоритет во условите за добивање на тендерот, вели тој.

Ако за проект вреден 30 милиони евра и веројатно во себе содржи и рамка минимум од 2 милиони евра за непредвидени трошоци, сега се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот, работата е длабоко загазена, додава Стоилковски

Тоа е дел од работата на обвинителството кое мора, според закон, во овој случај да поведе постапка по допрен глас, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус