среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

Стоилковски: Невини луѓе кои не оствариле никаква имотна корист се осудуваат со драконски казни, а Заев кој бараше поткуп се ослободува од каква било одговорност

Стоилковски: Невини луѓе кои не оствариле никаква имотна корист се осудуваат со драконски казни, а Заев кој бараше поткуп се ослободува од каква било одговорност

Ова што го видовме денеска не е суд и правда, туку реализација на партиско политички нарачки и неправда. Невини луѓе кои ниту оствариле каква било имотна корист и не предизвикале никаква штета се осудуваат со драконски казни, а Зоран Заев кого целата јавност го виде како бара поткуп се ослободува од каква било одговорност, ова на денешната прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Без ниту еден доказ, без никаква надлежност, судот прифати обвинение покренато од партискиот орган СЈО и судијата Добрила Кацарска денеска изрече осудителна пресуда и казна затвор во времетраење од девет години. Вакви процеси, какви што води судот под притисок на криминалниот картел на власта се водат само во Северна Кореа, а можеби ни таму. Вакви пресуди врз вакви докази не изрекувале ниту црвените кмери во Камбоџа.  Правосудството денеска го допре дното. Ниту некој прибавил против-правна имотна корист, ниту е направена материјална штета. Набавените возила се уште се користат во Министерството за внатрешни работи. Постапката за набавка на 300 автомобили е спроведена согласно закон и потребите на полицијата. Постапката е завршена со јавно отворање на понудите, по што е донесен извештај со предлог за избор за најповолен понудувач. Одлуката за избор ја донела комисијата за јавни набавки, која е составена од искусни професионалци и специјалисти за јавни набавки, кои ја сугерирале и примениле одредбата од неговата одлука за јавна набавка која се однесува на деливоста на набавката внатре во лотовите. Сведочењата на  членовите на комисијата за јавни набавки се во прилог на одбраната. Сите сведоци кажаа дека постапиле согласно закон и согласно интересите и потребите на службата, без никој да им се меша во одлучувањето, потенцираше Стоилковски.

Тој додава дека одлуката со која СЈО ја темели својата надлежност врз предметот е невалидна.  Имено  предметот  СЈО го заснова врз само еден приватен телефонски разговор. Впрочем и самото СЈО тврди дека економските оператори чија понуда била избрана на тендерот не оствариле екстра профит, односно им била исплатена реалната вредност на возилата.

-СЈО нема ниту еден издржан аргумент. Пресудата, особено нејзината висина е одраз на политички притисок од страна на картелот на власт. Зоран Заев лично го најави овој прогон и во негова изјава пред неколку дена ги најави првите пресуди. Ова е крах за македонското судство и понижување за целата правна фела. Денеска судството го погреба правото и правната држава. Република Македонија станува држава во која има политички осуденици, а лица како Заев кои целата јавност ги виде како бараат едно евро за црквата и едно евро за Вицето се шетаат слободно. На ваквото однесување мора брзо да му дојде крајот, вели Стоилковски.

Коронавирус