среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Не запираат аферите за нелегални однесувања на ЕВРО Заев во Струмица и за злоупотреба на актуелната позиција за ширење на кланот на државно ниво

Стоилковски: Не запираат аферите за нелегални однесувања на ЕВРО Заев во Струмица и за злоупотреба на актуелната позиција за ширење на кланот на државно ниво

Зоран ЕДНО ЕВРО Заев во Република Македонија е синоним за криминал и корупција, ова на денешната прес конференција го потенцираше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Репресираниот судски систем под јаремот на Зоран ЕДНО ЕВРО Заев со денови не постапува по јавно искажаните обвинувања за лихварство, рекет и репресија во Струмица за кое се сведочи дека лично го вршат премиерот и неговиот брат Вице преку нашироко познатата семејна менувачница. Кланот на ЕДНО ЕВРО Заеви, според тврдењата на струмичанецот Митко Ѓоргиев, искористува стар должничко доверителски однос, односно стар исплатен кредит, за да може да го казни Ѓоргиев за јавно искажаните критики против актуелниот премиер Зоран ЕДНО ЕВРО Заев. Струмичанецот Митко Ѓоргиев тврди дека е под закана на кланот ЕДНО ЕВРО Заеви, кои не сакаат да му го затворат одамна исплатениот и натплатениот кредит, издаден од семејното финансиско друштво „ПЕОН“, и притоа за 12.000 евра позајмица му наплатуваат над 40.000 евра, истакнува Стоилковски.

Тој додава дека правните институциите на системот, реформирани токму од ЕДНО ЕВРО Заев, до сега не тргнале во проверка на обвинувањата од граѓанин, кој што тврди дека за позајмица – кредит од 12.000 евра од семејното финансиско друштво „ПЕОН“, ЕДНО ЕВРО Заеви, покрај наплатените 24,5 илјади евра, му бараат дополнителни 20 илјади евра, според граѓанинот, само и само за критика која тој ја искажал кон Зоран ЕДНО ЕВРО Заев.

-Постои можност, кланот на ЕДНО ЕВРО Заеви, преку познатата семејна менувачница, да наплатуваат лихва, со тоа што каматните побарувања од над 30% годишно се далеку над законско пропишаните. Таквите односи ги става во подредена ситуација граѓаните на Струмица, каде до вчера долгогодишен градоначалник беше токму актуелниот премиер Зоран ЕДНО ЕВРО Заев. Ќе остават ли институциите, финансиското друштво на кланот ЕДНО ЕВРО Заеви, да биде над законот? Почитувани, обвинувањата се сериозни, особено што Ѓоргиев не е единствен кој што проговорил за однесувањето и приватизацијата на Зоран ЕДНО ЕВРО Заев во Струмица. Според најавите, во тек е формирање на друштво на оштетени граѓани од кланот ЕДНО ЕВРО Заеви, на кои според тврдењата, запленувани се цели куќи за долг од 5.000 евра. Овој случај е многу сериозен, бидејќи семејната менувачница е истата онаа која Зоран ЕДНО ЕВРО Заев ја споменува во легално обезбедениот видео материјал за случајот „Поткуп“ – цитирам „кај Вицето, во готово, во менувачницата“ –  каде Зоран ЕДНО ЕВРО Заев го подучува дека и овој бизнисмен, како и другите, со воспоставена практика, за легализација на државното земјиште треба да остави по едно евро за црквата од метар квадратен легализирано земјиште, а по едно евро директно за Заеви. За овој случај Зоран ЕДНО ЕВРО Заев беше ослободен од политички репресираното судство, додава Стоилковски.

Тој вели и дека не запираат аферите и обвинувањата за нелегални однесувања на ЕВРО Заев во Струмица, додека тој раководеше со општината. НЕ запираат ниту аферите за злоупотреба на актуелната позиција за ширење на таа иста кланска мрежа на државно ниво.

-Почитувани, нема ниедна кристална препорака да ја намали маката на граѓаните под јаремот на кланот на ЕДНО ЕВРО Заеви. За ваквите дела и обвинувања институциите мора да се охрабрат и да реагираат.  Граѓаните на Македонија не заслужиле ваква власт која работи исклучиво на лично богатење. Колку порано си замине од власт овој клан, толку порано институциите да проработат еднакво за сите, толку подобро за Република Македонија, заврши Стоилковски.

Коронавирус