среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Стоилковски: Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира

Стоилковски: Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира

Среде најголемата еколошка катастрофа градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира. Иако негираше, демантираше и велеше дека нема да фали ниту педа зеленило, за дозволата за градба на цела зграда среде парк сега црта цела улица до зградата! И покрај бројните реакции и противења на жителите на Ѓорче Петров во централниот парк на населбата да се гради станбена зграда. Семејството Наумовски на местото за градба, поседува семеен објект, но под него е речиси 1000 м2 земјиште. Сега заради зградата Наумовски низ паркот гради улица, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„По ветувањата на Наумовски дека нема да биде уништена ниту една педа од паркот, од паркот сега прави зграда и улица. За тоа сега ќе се потрошат 45 милиони денари и за што општината се задолжи 14,5 милиони денари. Наумовски сега вели дека целта на оваа ткн, сервисна уличка, е да креира корзо со кафетерии, како сам го нарекува, од кое потоа можеби ќе оствари лична корист. Општината која руши рекорди во Скопје по загаденост, сега губи голем дел од единствениот голем парк. Наумовски во кампањата за градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината.“

-Да биде апсурдот поголем пред неколку месеци на истиов овој потег кој што сега е преоран градоначалникот потроши огромни пари за садење на дрва и поставување на детско игралиште, за сега ќе бидат уништени. Ова е трета интервенција на истиов овој зелен простор во рок од 6 месеци. Скопјани, Ѓорче Петровци, се излажани од Наумовски, предизборно добија лажни ветувања, нема ниту нови паркови, загаденоста на воздухот во зимскиот период е на рекордно ниво и не се реши урбаниот хаос. Дополнително се уништи и централниот парк во ЃП. Ова лажење и ова самоволие и чувство за неказнивост е поттикнато од однесувањето на Зоран Заев. Нему му истекуваат последните денови. За 5 дена, Заев заминува, на 12 април власта заминуваат лагите и самоволието. Македонија ќе победи, започнува Обновата. Одговорност мора да има и ќе има!, потенцираше Стоилковски.

Коронавирус