среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Стоилковски: Наместо ветената Гимназија, Марин си планира голф терен

Стоилковски: Наместо ветената Гимназија, Марин си планира голф терен

Логиката на Златко Марин и на СДСМ во Аеродром е следна: Нема потреба од учење, и така на децата не им треба школо за да ги влечат оние палките за голф на функционерите од СДСМ. Друга логика нема, затоа што наместо градоначалникот од СДСМ да се нервира зошто ја нема изградено гимназијата, а ја вети, тој излегува со идеи за кои што се чуди цела Македонија!? Државата во рецесија, 55.000 луѓе загубиле работа, ама тој ќе градел Голф терени? Ако го најдат топчето во смогот во Лисиче, истакнува во својот коментар, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговото обраќање:

А да знаат сите како им и на луѓето во Аеродром со Златко Марин. Од она Ајродром Ајро Ајро на митингот на Заев за Марин, остана само шегата. Црнила смрдливи облаци паѓаат навечер. Од она зеленило кое што го претвори во бетонска џунгла, иако ветуваше мораториум за градење, од она што и малку остана од него се ловат змии и стаорци од пролет до есен. Ама Голф терен ќе имало и голф ќе се играло во Аеродром.

Оние од низата нови згради и купули изградени во време на ветениот мораториум ќе играле голф!? На пример, кумашинот на Марин, со стан во онаа зграда кај Мајчин Дом, против која и самиот Марин протестираше, ама се изгради во негово време ќе играле голф. Сега комшиски голф да имало каде да одиграат.

Голф терени му се увртеа на Марин во глава на крајот од мандатот. А од гимназијата по четири години нема ни една цигла. А можеби тој голф терен му е замена за мултимедијалниот парк, културен центар или спортска сала во истиот тој регион на општината кои што ги ветуваше, таму ги планира. Или пак Голф терените ги планирал на местото каде што вети индустриска зона. Или можеби наместо зелениот пазар или новиот дом за стари лица ветени од Марин?

Се на се,  Марин и СДСМ заборавиле што ветиле пред четири години, па мислат вака со егзотични идеи за Голф ќе ги излажат повторно гласачите. Ама граѓаните не забораваат. Во Аеродром точно знаат и кој е Марин, и што направи Советот на СДСМ воден од Ивана Цветковска. И затоа гласно прашуваат дали во заднина стои кумска врска меѓу нив двајца со функционер во МЕПСО? Или дали таа врска од личната отскочна даска за вработувања на советници и општинари од СДСМ Аеродром во МЕПСО.

Можеби и оттука е таа замаеност на СДСМ со Марин во Аеродром- да се заборави на ветеното, да се заборави на потребите на гласачите и да се посвети целото внимание на играње Голф! До степен- да се изградат терени за голф во Лисиче.

ЕУРО 2020

Македонија