четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 153
home Вести

Стоилковски: Мицкоски е таргет на огромна машинерија која доаѓа од Павел Шатев и се служи со „скарај па владеј“ и „лепи игри“, затоа што им е најголема опасност на власта

Стоилковски: Мицкоски е таргет на огромна машинерија која доаѓа од Павел Шатев и се служи со „скарај па владеј“ и „лепи игри“, затоа што им е најголема опасност на власта

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во гостувањето во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер истакна вечерва дека црната кампања против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа директно од Павел Шатев со скарај па владеј или со лепи игри огромна машинерија која работи за негово оцрнување затоа што тој е најголемата опасност за власта, затоа што вистината е опасност на власта која се служи со лаги.

-Нема други центри на моќ, црната кампања доаѓа од Павел Шатев улицата и сега вработени во Владата, јас алармирав веднаш кога слушнав дека се прави онаа стратегија за борба со лажните вести, беше направено тело за борба со лажните вести, а ништо повеќе од тој иницијативниот состанок кога беа собрани во Владата немаме видено, истакна Стоилковски.

Стоилковски исто така вели дека еден најголемите пулени во тој маркетинг Марјан Забрчанец во една прилика изјавил дека носат стратегија за борба со лажните вести од ВМРО-ДПМНЕ, којашто изјава му излезе на виделина, па вели дека тоа го прават на најмакевијалистички начин.

-Едниот начин на кој тоа го прават е „скарај па владеј“, а другиот начин е „лепи игри“, од кои овој „скарај па владеј“ е борбата со најголемата опасност за Зоран Заев да се црни најсериозниот кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, човекот кој ја говори вистината и има капацитет да застане пред штетните политики на Зоран Заев и да им ја каже вистината на граѓаните, не да навлегува во лаги за да биде популарен како Зоран Заев и други маргиналци и човек кој не ги прифаќа бланко потезите на власта, објасни Стоилковски.

Стоилковски вели дека се што беше кажано од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се оствари, се што беше предупредено се случи, како опасноста со пандемијата и економската ситуација во која едно време до март блескаше и одеднаш престана.

-Христијан Мицкоски е таргет на огромната машинерија на власта затоа што е најголема опасност како што вистината им е опасност на оваа власт која што владее со лаги, како датумот кој го добивме три години и почнатиот скрининг, посочи Стоилковски.

Коронавирус