среда, 25. мај 2022. Вести денес: 152
home Вести

Стоилковски: Македонија не смее да е заложник на примитивизмот на Џафери

Стоилковски: Македонија не смее да е заложник на примитивизмот на Џафери

Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Единствен следен чекор во било кое демократско општество би било неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција од македонското Собрание! Се друго е ново тонење во катастрофа!Димитар Ковачевски со изјавата за примитивизмот на Џафери уште еднаш потврди дека е пион на крими – коалицијата ДУИ-СДСМ. Ковачевски потврди дека наместо премиер е пион и паж во власта на ДУИ и дека дозволува самоволие дури и од најпримитивно ниво само и само да остане на власт! Примитивецот од Форино има функција којашто е втора во државата и по функција го менува претседателот на државата кога тој е отсутен! Јавноста имаше прилика да го слушне вистинскиот карактер на примитивецот од Форино. Онаков недостоен примитивен излив на бес во прашање ја доведува неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции! Државата не смее да биде заложник на апстиненцијални кризи и намалена деловна способност на човек именуван на висока државна функција за СДСМ да остане на власт. Државата не смее да е заложник во рацете на примитивецот од Форино само за пажот на ДУИ, пионот Димитар Ковачевски, да биде глув за примитивизмот на Талат Џафери, глуми премиер, истакна тој.

Стоилковски порача: „Оттука, ги повикуваме сите релевантни државни и невладини институции во делот на обезбедувањето и логистиката на Парламентот, како МВР, СОЗР, па и ЈО, Народниот правобранител, но и Хелсиншкиот комитет, синдикатите и другите невладини организации, да отворат случај во име на заштита на достоинството и кредибилитетот на функцијата претседател на Собранието и Собранието воопшто! Молкот од нив ќе значи одобрување и воведување практика недостојна за било која колку- толку демократска држава“!

-Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери! Никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино, само за поданичката СДСМ да остане на власт! Оставка на Џафери веднаш! Оставка на владата веднаш! Само избори се спас од катастрофата, истакна Стоилковски.

Коронавирус