среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Стоилковски: Криминал и насилничко однесување на СДСМ, Општина Ѓорче Петров дава 25.500 евра за две машини за перење во ден кога поскапува струјата

Стоилковски: Криминал и насилничко однесување на СДСМ, Општина Ѓорче Петров дава 25.500 евра за две машини за перење во ден кога поскапува струјата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, наум Стоилковски, денеска од лице место од седницата на Советот на Општината Ѓорче Петров ја извести јавноста како општината и градоначалникот вршат криминал и пренаменуваат средства за скандалозната набавка од 25.500 евра за само две машини за перење за детска градинка.

Стоилковски појасни дека на 55 седница е поднесен предлогот за пренамена на средствата, за истата сума колку што е скандалозната набавка, иако претходно за истата од општината велеа дека немаат пари и дека тендерската постапка ќе биде прекината.

– Погледнете како се брани криминал, има обид да се пренаменат пари од општината и да се префрлат на сметка на градинката во висина од 25.500 евра за набавка на машините за перење, за онаа скандалозна набавка за која рекоа дека нема пари, тендерската постапка не е прекината , чист криминал во ден кога струјата поскапува, истакна Стоилковски.

Стоилковски потенцираше дека општината на ваков криминален начин пренаменува 25.00 евра во ист ден кога струјата поскапува за 12,5 посто.

– 12,5 посто поскапува струјата, а вие набавувате две машини за перење за 25.500 илјади евра. Партали ја направивте и општината, партали го направивте градот, партали ја направивте државата. И име сменивте, и Уставот го сменивте се партал направивте, само за чист криминал и ништо повеќе. Граѓаните ќе ве казнат на избори, рече Стоилковски.

Тој потенцираше дека ова е чист криминал и насилничко однесување на СДСМ, бидејќи рекоа дека нема пари, а набавија две машини чија реална цена не е повеќе од 13 илјади евра, а ги платија 25.500.

– И сега откако видоа што направија, и градоначалникот сета вина ја префрли на директорката, а се сфати дека таа може да каже се, се префрлаат пари од општината на градинката за да се изврши тендерската набавка. Ние остануваме да видиме како ќе заврши работата, а ги повикувам тука и граѓаните на Ѓорче Петров, нагласи Стоилковски.

Коронавирус