среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 177
home Вести

Стоилковски: Костадинов е сведок на криминали кои се правеа во Струмица, каде неговиот лидер Заев бараше поткуп од 200.000 евра

Стоилковски: Костадинов е сведок на криминали кои се правеа во Струмица, каде неговиот лидер Заев бараше поткуп од 200.000 евра

СДСМ се фатени во криминал и затоа пратеникот Костадин Костадинов  во панични прес конференции кажува лаги и манипулации, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-За само неколку дена на виделина излегоа криминали од над 45 милиони евра, пари на граѓаните кои СДСМ сака преку наводни иновации и крвави тендери да ги испумпа во џебови или фирмите блиски до СДСМ. Доколку Костадинов сака да говори за криминал, нека го праша колегата Локвенец како успеа да добие грант, за набавка на опрема за наводна иновативност на неговата печатница. Кога зборува за криминал, се прашал ли Костадинов како Венко Филипче дозволи анонимна човек фирма да учествува како единствен понудувач на тендер дебел 35 милиони евра? Или како вицепремиерот вели дека неговите компании се самостојни а потоа им нареди да се повлечат од доделениот грант? Може и советничката на Заев да објасни дали снашката ја основала фирмата за да добие 330 000 евра по препорака на свекрвата. Впрочем Костадинов и самиот е сведок на криминали кои се правеа со години во општина Струмица, во која неговиот лидер и сограѓанин Заев бараше поткуп од 200 илјади евра за државно земјиште да биде уплатено во менувачницата на семејниот клан, вели тој.

Портпаролот на партијата порачува дека ова што се случува во Македонија е класичен грабеж.

-Го сотреа секој денар на граѓаните, а милионите евра што ги ставаат на сметките ги покриваат со продажба на највисоките државни и национални интереси. Зоран Заев е единствениот политичар во Република Македонија кој прифати да се откаже од името и Уставот и да ги прифати грчките црвени линии. Ова ќе остане запишано во историјата.         Потребни се реформи и економски прогрес, а не распродажба на македонската историја, традиција и култура. Заробениот правен систем ја држи Република Македонија надвор од евроатланските структури кои не ги покрива ниту предавството на националните интереси. Република Македонија со ваква криминална власт не може да оди напред. Манипулациите за каква било амнестија на криминалите на Заев и картелот на власт не минуваат. Ќе има одговорност за се што украдоа. Колку побрзо заминат, толку побрзо Македонија ќе оди напред и Македонија ќе победи, порача Стоилковски.

Коронавирус