недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Вести

Стоилковски: Кој е тој матичен лекар или инфектолог кој дал дозвола за да гласаат пратениците во скафандер?

Стоилковски: Кој е тој матичен лекар или инфектолог кој дал дозвола за да гласаат пратениците во скафандер?

Во врска со гласањето во скафандер на пратеничката од СДСМ, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вечерва во „Објектив“ во МРТВ, истакна дека прво беше дозвола од инфектолог, потоа испадна дозвола од матичен лекар, кои се тие лица кои противзаконски издаваат вакви дозволи, затоа што излез на позитивен се пријавува во МВР заради посета на медицинска установа, не знаевме дека Џафери е доктор.

-Што ако и се случеше нешто на пратеничката на СДСМ, што ако развиеше симптоми или кренеше температура, заради непредвидливоста на вирусот, што ќе се случеше тогаш? –праша Стоилковски.
Стоилковски вели ако според законот може да се добие дозвола и при тоа морам да го нагласам ова за цела јавност прво беше нагласено дека дозволата е добиена од инфектолог, потоа излезе дека истата е добиена од матичен лекар, јас многу сакам да го видам името на тој матичен лекар, или инфектолог за да излезе од дома, бидејќи според законот може да излезете од дома со претходна најава во полиција, заради медицински потреби ако ви е влошена состојбата да можат да ви понудат медицинска помош, јас не знаев дека Талат Џафери е доктор, вели Стоилковски.

Стоилковски го праша новинарот од МТВ Богатинов: Вие зошто не дојдовте на работа во МТВ во скафандер? Тој одговори дека 21 дена морал да седи дома во изолација.

Коронавирус