петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Кој бегалец од притвор, откако е фатен завршува во куќен притвор – ова е јасен доказ дека има договор Заев – Мијалков

Стоилковски: Кој бегалец од притвор, откако е фатен завршува во куќен притвор – ова е јасен доказ дека има договор Заев – Мијалков

Овде сме пред седиштето на криминалот, пред СДСМ. Зоран Заев, Костадин Костадинов и СДСМ имаат потреба да се дообјаснуваат за циркусот кој го направија. Но никој во државата, па ни самиот Костадинов не верува во зборовите за владеење на право и правна држава со власт на Зоран Заев. Во која земја бегалец од правдата, откако е фатен завршува во куќен притвор? И сам се шета пред медиуми. Ова укажува на можен договор меѓу Заев и Мијалков. Па затоа ли Заев за Милјаков озвозможува екстра услови и екстра третман. Ова е класичен циркус и исмејување на правната држава и владеењето на правото, но пред се потценување на интелегенцијата на јавноста, изјави денеска за медиумите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Системот за кој што самиот Оливер Спасовски говореше дека не функционира, всушност е нивната власт. Тоа е така затоа што власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот. Јавноста препознава договор со анекси. За да го пуштат, па анекс договор за да дојде. Поради силните и бурни реакции на граѓаните и надворешни фактори мораа да отстапат од планот. Впрочем затоа Заев, како што и сам брифираше, вчера викал судии, обвинители кај себе во кабинетот, вели тој.

Стоилковски посочи дека тоа значи Заев сам се легитимирал како врвот на пирамидата на мафијата и координатор на пазарењето со правдата кој под контрола ги чува обвинителите и судиите.

– Смешни се во обидот ова да го оправдаат. Поради ваквата коалиција на Заев со криминалот, младите ја напуштаат државата, не гледаат перспектива и иднина. Поради коалицијата власт-криминал државата тоне и се уништива. Но овој циркус покажа дека нервозата и паниката растат во СДСМ и ќе кулминираат во моментот кога ќе заминат од власт, додаде тој.

Коронавирус