недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Стоилковски: Картелот на власт функционира само за да ги задоволи потребите на ЕВРО Заев

Стоилковски: Картелот на власт функционира само за да ги задоволи потребите на ЕВРО Заев

Неспособноста на раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК  Битола ги чини граѓаните и време и пари, за сметка на тендерите на фирми блиски до кланот на Евро Заеви. Еден од двата функционални блокови во РЕК Битола, цела ноќ, повеќе од 16 часа е надвор од употреба.

Од синоќа функционален е само еден од двата блока. Блоковите се на граница на технички минимум, бидејќи и блокот кој сега  е во погон има технички проблеми , кои во секој момент може да доведат до испад.

Пресметката вели дека еден час неработа на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 7600 евра, додека еден ден неработа дури 182.400 евра. Од синоќа до сега загубата од непроизведена електрична енергија е над  121 илјада евра.

Пред само неколку месеци е извршен ремонт на вториот блок тежок неколку милиони евра. Недозволиво е по толку скап ремонт, истиот блок два пати во рок од  десет дена да паѓа од мрежа!

Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори, зошто по толку скап ремонт, по само десетина дена два пати се расипува вториот блок? Дали РЕК Битола, која троши милиони евра за делење на тендери на фирмите блиски до кланот Евро Заеви, сега залудно потроши дополнителни милиони евра на неефективен ремонт?

Заради неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола, сеуште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи.

Картелот на власт функционира само за да ги задоволи потребите на ЕВРО Заев. Државните ресурси се само средство за остварување на таа цел. Во оваа година покажа целосна неспособност како да се управува со енергетиката и енергетскиот сектор во државата. Таа неспособност да се менаџира со термоцентралите, предизвика во пресрет на летниот односно сушен период да се трошат резервите на хидроцентралите.

Една година на Зоран Евро Заев во енергетиката е еднаква на голема катастрофа. Злоупотребите и неодговорното однесување мора да запрат. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Македонија ќе победи.

Прес-конференција на Наум Стоилковски

Коронавирус