понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

Стоилковски: ЈО молчи за аферата – Фабрика за криминални легализации

Стоилковски: ЈО молчи за аферата – Фабрика за криминални легализации

Цела фабрика за марихуана на близок на Зоран Заев никнува во 2018 година среде земјоделско земјиште, за што има посебен закон за градење, а општината ја легализира, со лажни документи, изјави и цел еден елаборат! И сето тоа веќе е јавно објавено а ЈО се уште јавно не ги побара одговорите, или барем, заради јавниот интерес, да посочи дека ќе бара одговори за Аферата ФАБРИКА ЗА КРИМИНАЛНИ ЛЕГАЛИЗАЦИИ!,ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Сликите се јасни : Ова се сателитските снимки со датуми ОВА е документот дек се легализирал објект од наводно изграден 2010 година! ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА, ГОЛЕМ КРИМИНАЛ! По сето елаборирање на криминалот, ЈО е глуво, до таму не допираат гласови, иако,  јасна е позадината, политичката спрега кај злосторничкото здружување. Јасен е мотивот, а тоа е вносниот нарко- бизнис и лиценцата која што Зоран Заев ја додели на својот сопартиец. Инсистираме на сериозна истрага од ЈО, но истрага која што кое нема да биде ЈО политичка алатка на мафијата на власт! Постои МОЖНОСТ за двојно книговодство, празни места во архивските книги за коруптивни натамошни дејанија. Постои МОЖНОСТ за изиграни повеќе закони и оштетување на буџетот на Македонија. Прво Законот за градење во земјоделско земјиште, Второ Законот за легализација на дивоградби. Постои сериозна можност за злоупотреба на службената положба и овластување на геодет од Битола, заради изработка елаборат за легализација на непостоечки, неизграден објект. Постои сериозна можност за злоупотреба на службената положба и овластување од општинските урбанисти, советници, и секако градоначалникот на Општина Босилово. И секако постои сериозна индиција за постоење злосторничко здружување за изигрување на законите, нанесување штета на буџетот, со цел остварување на профит, вели Стоилковски.

Тој додава дека истрагата на ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ мора да одговори:

-Дали Драган Ѓоргиев, сопартиец и колега на Зоран Заев од пратеничкиот состав 2002-2006 ЗНАЕЛ или му било ветено дека ќе добие лиценца за работа и брзал да изгради фабрика? Дали Ѓоргиев имал претходен договор или пак уживал заштита од градоначалникот- сопартиец, Зоран Зимбаков од Општина Босилово? Дали таква заштита имал и од претседателот на Советот, сопартиецот  Аризанов? Внимавајте, се гради објект- фабрика среде земјоделско земјиште. ЈО за организиран криминал мора да најде одговор Зошто експратеникот Ѓоргиев за изработка на елаборат избрал геодетска фирма од Битола, оддалечена речиси 300 км од местото каде е наводната фабрика при толку геодетски фирми во Струмица каде што живее екс пратеникот Ѓорѓиев? Дали врската на Ѓоргиев и геодетот Нечевски била само политичка, или постојат и други вакви изработени елаборати од него, односно дали постои историја на криминални дела и изработени елаборати? Почитувани, постои мотив, постои поврзаност меѓу сите инволвирани, постои криминал, постојат несоборливи докази во форма на документи и прецизни сателитски фотографии. Бараме правда ВЕДНАШ. Бараме справување со мафијата ВЕДНАШ. Или Мафијата или Македонија!, потенцира Стоилковски.

Коронавирус