понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

Стоилковски: Јавноста не треба да наседнува на фолклорот на СДСМ и Алтернатива, тоа е само завесата со која тие упорно манипулираат со чувствата на граѓаните

Стоилковски: Јавноста не треба да наседнува на фолклорот на СДСМ и Алтернатива, тоа е само завесата со која тие упорно манипулираат со чувствата на граѓаните

По прес конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше запрашан за коментар за ревизија на судските случаи. Тој посочи дека во нормална држава тоа би требало да биде работа на обвинители и судски органи.

-Што се однесува до прашањето за договорените ревизии на судските случаи, тоа во нормална држава би требало да е работа на обвинители и судски органи. За жал се додека на маса се збори за овие работи, а не во судница, имаме такви епизоди какви што сведочиме, посочи Стоилковски и додаде:

„Јавноста не треба да наседнува на фолклорот на СДСМ и Алтернатива. Тоа е само завесата со којашто тие упорно манипулираат со чувствата на граѓаните, а зад таа завеса се функциите и министерствата кои што си ги делат и коишто им носат приходи. Секогаш кога се одвива некаква кражба тие ја вртат темата кон националната реторика, судските случаи, и јавноста не треба да наседнува повеќе на веќе видени епизоди“.

Коронавирус