среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Јавноста чека одговор од Заев за договорот со Ахмети за политичко редефинирање и исцртување на нови граници во Македонија

Стоилковски: Јавноста чека одговор од Заев за договорот со Ахмети за политичко редефинирање и исцртување на нови граници во Македонија

На новинарското прашање поставено денеска на пресот на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ  „За Заев и Ахмети, од власта никој до сега не демантираше и немаше никаква информација дали имало некаква средба, дали до вас како партија стигнаа некои информации?“, тој вели:

-Нема ниту демант, нема никаква информација, цела недела Зоран Заев не одговара, нема одговор од власта за тоа дали постои политички пазар кон она прашање што го отвори претседателот Христијан Мицкоски. Пазар направен на средба во Тетово каде што било договорено политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници. Тоа било направено во време помеѓу таа средба, тој политички пазар е направен во време помеѓу двата изборни круга за претседателските избори, како што реков во Тетово, и е договарано политичко редефинирање во земјата на сметка на политичка изборна поддршка. Одговор на ова прашање е и те како потребен, одговор е потребен и заради туркањето на пописот вон сите стандарди како што сега реков за попишување, резултат на политички пазар, оној пазар што го донесе Зоран Заев и кој што го одржува на власт, вели Стоилковски.

Тој додава дека попис по матични броеви од некој што ги знае матичните броеви. Одговор е потребен и заради предлозите за нови изборни модели кои што се наметнува во јавноста, наметнато како што знаете од второто лице на Зоран Заев. Уште повеќе потребен е одговор бидејќи Република Македонија повторно остана без датум за преговори, без европски интеграции, без членство во ЕУ. А, вицепремиер, заменик на Зоран Заев се закануваше дека во таков случај државата би се распаднала. И наместо да даде суштински одговор и наместо да се изјасни во однос на таа средба во Тетово каде што е договарано редефинирање на државата, наместо суштински реформи и одговорност Зоран Заев си турка партиски агенди за што поголемо деспотство во СДСМ. А, Зоран Заев знае каков и да има изборен модел ќе ги загуби овие избори, народот жестоко ќе одговори на сите негови девастации на државата, политички трговии со државните и националните интереси.

Коронавирус