вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Стоилковски: Изборите се време кога Заев лагите и невистините ги истура од ракав, повторно игра ОлИн и тоа на најсилно

Стоилковски: Изборите се време кога Заев лагите и невистините ги истура од ракав, повторно игра ОлИн и тоа на најсилно

Политиките на Зоран Заев и на картелот на власт се политики без визија и концепт, политиката на политички прогон, притисок, поткуп, корупција, политики кои што ја испразни Македонија и ја закова на дното на економскиот раст, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Играта ОлИн пред избори, Зоран Заев ја игра и сега, пред овие предвремени избори, на чекор до техничка влада. Во предвечерието на заминувањето на Зоран Заев да го испратиме во мрачната историја, тој креира буџет за притисок, поткуп и корумпирање врз гласачите пресликано во буџетот. Без визија, без концепт и програма, без идеологија, ниту кауза, се пресликува владеењето на Заев од Струмица врз цела Македонија. Заевизмот, лажни ветувања, ветер и магла. Од неговите извинувања потоа, граѓаните немаат ништо, а нема да имаат ни сега, но некој сепак добива а тоа е кланот на власт. Изборите се време кога Заев лагите и невистините ги истура од ракав. Повторно игра ОлИн и тоа на најсилно. Но на ваквите итроштини и предизборни лаги повеќе никој веќе не наседнува.       ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните, пред Вас излегува со морален кодекс. Кодекс за да ја смениме сликата за политиката во Македонија, истакна тој.

Стоилковски порачува дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека нема да има предолго останување на функционерите на функцијата доделена од граѓаните.

-Второ, ниеден функционер нема истовремено да биде и бизнисмен. Ваквите однесувања како кланот на власт повеќе не смеат да се повторуваат. Трето, водечки карактеристики на идните функционери ќе бидат квалитетот на луѓето и нивните способности. Четврто, функционирање на правната држава и словото на законот ќе мора да бидст во преден план.  Администрацијата мора да биде ослободена од стеги и од реваншизаот кој што се случува сега. Петто, Влада мора достапна за народот, за таа намена владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе формира тело кое што ќе ги координира тие средби за да се слушне гласот на народот. Шесто, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме посебно внимание и почит кон верските заедници и религиозни групи согласно нашата идеолошка определба, секако тука ќе бидат земени во предвид и маргинализираните групи. Седмо, економија, раст и развој. Образование кое што е квалитетно, и модерно и шанса за младите и посебна стратегија за борба против иселувањето. Ваквата бела чума, ваквите илјадници иселувања на млади и способни од Македонија не смеат да се повторуваат. Осмо идните функционери од власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се откажат од луксузирањата. Доста е од луксузирање кое се повторува 28 години, доста е од луксузирање на политичарите додека народот е на леб и сол.. Нема да има трошоци за непродуктивни работи и за личен комодитет.  Деветто, имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, со САД и НАТО алијансата. Ќе работиме за влез ЕУ, ќе работиме за европски стандарди и принципи, ќе мора да си ги признаеме слабостите за да можеме да одиме навистина напред. Македонизмот, тој е основата на која општество треба да се развиваме, ниту антиквазицијата, ниту онаа насилна севернизација, која што  се турка во последните две години. Македонизам како космполитска идеја која што треба сите нас да не врзува и да не обединува. Десетто, нема да бараме поддршка базирана на трговија со гласови, туку поддршка базирана врз програма и цели. Ќе се обратиме кон оние кои не поддржуваат со работа и со принципиелен однос. Ова е моралниот кодекс составен од принципи и вредности, а следува и програма, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека она што следи се промените кон подобро ќе се почувствуваат во првите 100 дена од мандатот на новата влада.

-Граѓаните знаат, а и Власта знае не може да се купи чест,  достоинство и доверба со некој денар задоцнето и премало покачување на платите, тоа е она што сега се обидува оваа власт во заминување. Македонецот не се продава за една рака денари кои сакаат овие да му дадат а кои природно му следуваат, и не плука врз предците, кон оние кои со живот го платија она што ние денеска го живеме.      Зоран Заев и неговите ОлИН политики веднаш по нова година заминува во историјата, со техничката влада се влегува во избори, а по изборите започнува Обновата на Македонија. Обнова за крај на заевизмот, крај на деспотизмот. Обнова за достоинствена, наша, заедничка, почитувана и горда Македонија, истакна Стоилковски.