петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Вести

Стоилковски: Филипче закасни со се освен со шемите за лична корист

Стоилковски: Филипче закасни со се освен со шемите за лична корист

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук прашува зошто во Македонија не се тестира доволно?

-Зошто во Македонија не се тестира доволно? Одговорот е едноставен-државните лаборатории немаат доволно опрема, а власта со една приватна прави бизнис
На крај на јануари, почеток на февруари станува корона актуелна тема во Македонија. Тогаш сеуште нема болни и е време да почнат да се надградуваат капацитетите. Иницијална идеја наместо да се почне со зајакнување на домашни капацитети Венко Филипче ја игнорираше темата. Во тој период не беше пристапот рационален и прагматичен.
Тоа не доведе во незавидна ситуација, не се следеше трендот и не се обезбедија доволно респиратори (сега ги нема, а и да се најде нешто се плаќа три пати поскапа цена), не се обезбеди и купи доволно заштитна опрема за медицинскиот персонал (затоа повеќе од 25% заразени се медицински лица) и не се одработи да се зајакнат капацитетите на државните институции.
Прво, нема доволно опрема на вистински места, второ за голем дел од постоечката опрема не може да се набави дел од потребните реагенси. Имено, за валидирано тестирање треба да е во регистрирана, мапирана молекуларна лабораторија, лабораторија регистрирана да ја врши таа дејност. Треба да се направи екстракција/изолација на генетски материјал и RT PCR од добиениот изолат. Во овој процес ние како држава сме соочени со сериозен дефицит на дел или во целост на потрошниот материјал потребен за да се изведе од почеток до крај анализата. Затоа луѓе не се тестираат, а тие кои се тестираат чекаат и до 7 дена за резултат.
Во таква ситуација се дава на брзина лиценца за молекуларна работа на приватна лабораторија Авицена, која наводно дава “тестови без пари” а имаат огромен годишен договор со ФЗОМ. Им се одобрува користење на државен имот за приватен пункт со што и се прави кривично дело. Дополнително Венко Филипче во договор со нив, за да ја скрие вистината договара “донација” од 5000 теста. Но тие ќе бидат преплатени затоа што новата лабораторија во Воена болница (ГОБ 8-ми Септември) ќе биде купена од Авицена во нетранспарентна постапка.
Исто така, капацитетот нивни и на останатите 2 приватни лаборатории во моментот е премал во однос на моменталните потреби кои заедно и со ИЈЗ не надминува 250-300 на ден. Тоа е премалку за земја која најави тестирање пред повеќе од 2 месеци.
Едноставно нема доволно тестови да се сработат дневно според потребите, се чека и по 10 дена, нема доволно заштитна опрема за медицинските работници кои се повеќе се изложени на ризик, нема доволно респиратори и ќе се плаќаат нерационално прескапо со парите на граѓаните, прекасно се зголемува бројот на државни места, локации за тестирања, се касни а сега е ќе биде многу тешко во наредни 2-4 недели да се влезе во било која листа на испораки зашто никој за жал не ни помага, не стигаат авиони помош….
Да сумирам, Филипче закасни со се освен со шемите за лична корист!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Зошто во Македонија не се тестира доволно? Одговорот е едноставен-државните лаборатории немаат доволно опрема, а власта…

Gepostet von Naum Stoilkovski am Sonntag, 5. April 2020

 

Коронавирус