петок, 4. декември 2020. Вести денес: 47
home Вести

Стоилковски до Костадинов: Што бара Славјанка Петровска на партиски состаноци на СДСМ по општински одбори и во централа?

Стоилковски до Костадинов: Што бара Славјанка Петровска на партиски состаноци на СДСМ по општински одбори и во централа?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски побара од неговиот колега од СДСМ, Костадин Костадинов јавно да одговори- што бара Славјанка Петровска на партиски состаноци на СДСМ по општински одбори и во централа.

-Коста, ТОНЧ! Те предизвикувам Костадин Костадинов сега јавно да прашаш што бара Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на партиски состаноци на #СДСМ, по општински одбори и во централа?
Доста е веќе оправдување на заевизмите и партизацијата преку лажни вести, како фотографии извадени од пред цела година.
Јасно е дека заевизмот сета полиција ја направи како „одбор“ со членски книшки, а тоа Зоран Заев и сам го кажуваше на состаноците, како командирите на полиција биле со книшки.
Не заборавај Костадине дека за се’ има и документи и видеа!, пишува Стоилковски на Фејсбук.

Коронавирус