вторник, 11. август 2020. Вести денес: 98
home Вести

Стоилковски до Димитров: Ники, ти ја разочара Македонија!

Стоилковски до Димитров: Ники, ти ја разочара Македонија!

Ники вели нема правда доволно и апсолутно бил разочаран. Види Ники, баш ми е гајле за твојата лажна разочараност. Тоа веќе не ти минува кај никого. Дури и сега не си разочаран, лажеш, туку загрижен заради тоа што дебело ќе загубиш, му порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

Види Ники, во твојата самољубност единствен момент за што си разочаран е што ќе немаш веќе фотеља и моќ да се изживуваш во министерството, да грабаш со двете раце, да продаваш магла, да бркаш стипендии и љубовни авантури, да лажеш и да ги понижуваш државата, народот, да распродаваш македонски идентитет, култура, посебност.

Ники, Nikola Dimitrov, ТИ ЈА РАЗОЧАРА МАКЕДОНИЈА!

За жал, ги разочара оние кои што ти поверуваа, не знаејќи го твојот вистински лик. Сега вистински те запознаа сите!

Види Ники;

Нема правда затоа што си местиш стипендии за ќерка си;

Нема правда затоа што примаше “Шуто и Рогато” наместо луѓе со богати животописи;

Нема правда затоа што плаќаш луѓе на црно по ДКП-ата;

Нема правда затоа што деградираш заради политички чистки во МНР;

Нема правда затоа што ги делиш амбасадите за противуслуги, за стипендии или за перење судир на интереси;

Нема правда затоа што дозволуваш понижувања од Атина;

Нема правда затоа што дозволуваш понижувања од Софија;

Нема правда затоа што не испочитува пропаднат Референдум;

Нема правда затоа што потпиша нешто по Устав што не смееше;

Нема правда затоа што објавивте во Службен весник документи без потпис од Претседател на Македонија;

Нема правда затоа што молчиш за скандалите со протоколот за кој што си задолжен;

Нема правда затоа што не бараш разврска за Рекет, за Дака, за Ден, за Филипче, за Тендерашко, за сите милионски скандали.

Нема правда затоа што не сакаш истрага за новите снимки за Заев, Рада, Рашковски, Дончев, адвокати, судии, обвинители.

Нема правда затоа што заради љубовниот живот, Македонија и буџетот ги гледаш како “полн фрижидер”;

Нема правда затоа што не сакаш правда, се правиш глув и слеп на криминалот и корупцијата на рекетарското здружение за кое работиш;

Нема правда затоа што “скокаше” од Холандија за правда, а сега молчиш и продаваш лажен морал;

Нема правда, Ники, затоа што си ти таму каде што уште си, а не заслужуваш.
Ниту Македонија заслужила!

Уште малку Ники и никогаш повеќе. Никогаш!

Коронавирус